9.8 C
Скопје
14:42 - 28 декември, 2024

БАЈАГА ОТВОРЕНО ЗА ПРОБЛЕМИ НА НАСТАП ВО МАКЕДОНИЈА: Веќе не ги свириме песните „Ѕвезда“ и „Пада влада“

бајага

Момчило Бајагиќ Бајага во емисијата „Сценирање“ изјави дека веќе нема да ја изведува песната „Пада Влада“, која своевремено ја напишал за филмот „Професионалац“ на Душан Ковачевиќ, пренесува „Курир“.

„Имав проблем поради песната „Пада Влада“, проблематично беше и кога почнаа изборите во соседните земји, потоа нè контактираа од различни земји. Морам да нагласам дека навистина не ја следам политиката, особено не политиката на соседните земји. Потоа ни нудеа да ја свириме песната, најчесто тие што се во опозиција. Мене ми е толку без врска на пример да одам во Македонија и да ја свирам, затоа и избегнував да ја свирам таа песна. Не ми е грижа, текстот е топ, ја напиша Душан Ковачевиќ. Тој ја напиша со друга поента, не ми се допаѓа некој да ја користи таа песна за свои пропагандни цели. Не знам зошто морав толку да ја оправдувам таа песна, мислам дека таа песна е добра и луѓето ја сакаат. Кога некој е на власт не ја сака таа песна. Меѓутоа, кога е во опозиција, тогаш ја обожава“, изјави музичарот.

Она што е забележливо е дека на концертите на „Бајага и инструктори“, покрај тоа што не се изведува песната „Пада Влада“, ретко се слуша и песната „Ѕвезда“. Бајага објасни зошто.

„Секогаш сè е напумпано, што и да се каже, од тоа излегува убав наслов. Луѓето мислат дека јас сум го напишал текстот, тоа не е точно, јас ја направив само музиката, а текстот е на Душан Ковачевиќ. Тоа е навистина еден од моите најголеми композиторски успеси, затоа што кога ќе го земете текстот на „Пада влада“, тоа е тотално напорен текст затоа што е тешко да се напише музика што добро би одговарала и да го компонирате тоа. Не знам како ми успеа. Ги исцрпив максимално сите ресурси кога е музиката во прашање. Реков дека нема дае ја пеам таа песна, но ќе објаснам зошто, сличен проблем имав и со песната „Ѕвезда“, изјави Бајага.

Бајага раскажа за непријатностите што ги доживеал во Македонија поради песната „Ѕвезда“, поради што решил да не ја форсира на своите концерти.

„Јас сум голем фан на „Ѕвезда“ и многупати ја изведував песната „Ѕвезда“ на Маракана. Еднаш свиревме во Кочани во Македонија, а во публиката имало обожаватели и на „Ѕвезда“ и обожаватели на „Партизан“ кои не знам дали двапати биле во Белград. Едно беше сигурно, тие беа лути делии и гробари. Ѕвездашите бараа да ја свириме песната „Ѕвезда“, почнавме да свириме и потоа настана хаос. Навистина ми беше бесмислено, луѓе на 400 км од Белград да се тепаат. А прашање е дали некогаш во животот биле на стадионот на „Ѕвезда“ или на ЈНА“, вели Бајага.

Слични објави

(Фото) Џина Џиновиќ ја крена маицата, а одоздола…Ќерката на Харис и Мелина се пофали со своето совршено тело

apostolova

(Фото) Милош Биковиќ ужива покрај синот Василије, покажа колку пораснал наследникот

Еспресо

(Фото) Вељко објави фотографија со Богдана, нејзината чанта го украде вниманието: Облечена во чист луксуз

Еспресо

Хороскоп за 28 декември: Вагите ќе добијат пари, Стрелците ќе имаат итен проблем да решат, а вие?

Еспресо

(Фото) Најпознатата „очајна домаќинка“ ја покажа совршената фигура: Ева Лонгорија празниците ги поминува во минијатурно бикини

Еспресо

(Фото) Каде ѝ е долната облека? Теа Таировиќ во провокативен стајлинг ги „запали“ социјалните мрежи

Еспресо
Се вчитува....