8.8 C
Скопје
19:39 - 11 март, 2026

Багажот на Том Круз украден за време на снимањето во Бирмингем

том круз

Ако сте заинтересирани, задачата е да го пронајдете багажот на Том Круз украден во Англија, каде холивудската ѕвезда го снима седмото продолжение на серијата „Невозможна мисија“, објави во петокот таблоидот „The Sun“.

Багажот бил во автомобилот на неговиот телохранител, кој бил украден во вторникот вечерта пред хотелот во Бирмингем каде што престојувал.

„Бевме известени за кражба на БМВ Х7 во „Church Street“ во Бирмингем, во раните утрински часови во вторникот, на 24 август“, потврди портпаролот на полицијата, но не го откри идентитетот на сопственикот.

Автомобилот беше пронајден наскоро“, додаде тој и рече дека истрагата продолжува.

Но, од возилото, секако, исчезнало се, изјави извор за „Сан“ наведувајќи дека станува збор за багажот и лични предмети на 59-годишниот Том Круз.

Се чини дека крадците користеле високо буџетен скенер за да го копираат кодот за да го отворат и стартуваат автомобилот.

Филмската ѕвезда, позната по тоа што самиот ги изведува повеќето опасни сцени, минатата недела го привлече вниманието во Мидлендс на северот на Англија и граѓаните со интерес го гледаа снимањето на неколку сцени од седмиот филм од „Невозможната мисија“.

Слични објави

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо

Загина братот на Дарко Лазиќ во сообраќајна несреќа со мотоцикл

Еспресо

„Зошто ја сакам?“: Како зборуваше големиот југословенски шармер Драган Николиќ, за кого љубовта беше пред сè

Еспресо

Марија Микиќ откри сè за односот со Милица Павловиќ: На работ на солзи, објасни што направила нејзината колешка

Еспресо

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Повторно насилство во семејството Голубовиќ: Судот му изрече итна мерка на Кристијан

apostolova
Се вчитува....