10:12 - 7 април, 2026

АВТОРКАТА НА „СЕКСОТ И ГРАДОТ“: Истоимената серија не е феминистичка

Кендис Бушнел

Кендис Бушнел, авторката на книгата „Сексот и градот“, според која е создадена истоимената серија, вели дека оваа приказна не е феминистичка и дека не треба да послужи како „пример како да се живее“.

Говорејќи за „New York Post“ за обожавателите кои во реалниот живот го применуваат она што наводно го научиле гледајќи ја серијата, таа изјави дека никогаш не треба да ја ставаат љубовната врска на прво место, како што тоа го направи Кери „бркајќи го“ Биг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Candace Bushnell (@candacebushnell)

„Реалноста е дека наоѓањето маж не е најдоброто „економско“ решение на долг рок. Мажите можат да бидат многу опасни за жените на многу различни начини. Никогаш не зборуваме за ова, но тоа е нешто за што жените треба да размислуваат. Серијата и пораката што ја испраќа не се феминистички. Сепак, тоа е телевизија, односно забава. Затоа луѓето не треба да го создаваат својот живот според серијата“, истакна таа.

Бушнел ја напишала книгата врз основа на колумни за љубовни врски што ги пишувала за „New York Observer“ од 1994 до 1996 година. Заработувала дури илјада долари по колумна.

Дарен Стар ги откупил правата и ја претвори книгата во успешна серија што се емитуваше на „HBO“ од 1998 до 2004 година. Снимени се и два играни филма, а наскоро ќе бидат емитувани 10 нови епизоди наречени „And Just Like That…“.

Слични објави

(Фото) Братот на Мина Наумовиќ е сон на многу жени

E.A.

(Фото) Отакако се омажи, Дани Димитровска го смени животниот стил

msp-admin

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.
Се вчитува....