22.8 C
Скопје
17:10 - 27 април, 2024

ЕМИНЕМ: Се борел со зависности и опсесии, но неговите деца го спасиле од „пеколот“

еминем

Маршал Брус Матерс III попознат како Еминем вчера го прослави својот 49-ти роденден. Американскиот рап музичар, продуцент и актер е повеќекратен добитник на Греми наградата. Продал над 80 милиони албуми низ целиот свет и е меѓу најуспешните хип-хоп ѕвезди на сите времиња.

Светска популарност стекна во 1999 година, со објавувањето на „The Slim Shady LP“. По успехот на неговите албуми, тој основа своја издавачка куќа, „Shady Records“, со помош на која се прославија бројни рапери, вклучувајќи го и 50 Cent.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EminemTheGoat (@eminemthegoattt)

За кратко време, Еминем доби голема слава и стана еден од ретките мега-познати белци на рап сцената, но во еден момент тоа се чини „го удри во главата“. Дневно земал по триесет Викодин, еднаш смртта ј побледнал во очи, но му помогнал музичарот Елтон Џон.

„Славата ме погоди како цигла“, во една прилика истакна Еминем, кој бил редовен гостин на најлудите журки, конзумирал алкохол и најразлични дроги, со себе носел наполнето оружје, влегувал во расправии и неколку пати завршил на суд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by West God (@west.god_)

Неговата борба започнала во 2000 година додека работел на продукција на филмот „8 Miles“. Сфатил дека има проблеми со несоница бидејќи работел до 16 часа дневно. Еден пријател му кажал за Амбиен, лек кој им помага на луѓето да заспијат побрзо. Но, тој за брзо се „навлекол“ и на тоа.

„Имаше денови кога лежев во кревет, голтав апчиња и плачев. Ми требаа апчиња во телото за да се чувствувам нормално, но мојата состојба само се влошуваше. Тоа беше маѓепсан круг“, откри Еминем.

Во критичната 2007 година, се предозирал. Лекарите му рекле дека внел еквивалент на четири вреќи хероин и, ако дошол два часа подоцна, ќе умрел.

„Да дојдев во болницата два часа подоцна, ќе бев мртов. Моите органи, црниот дроб, бубрезите… Ме ставија на дијализа и не мислеа дека ќе преживеам. Моето дно требаше да биде смртта“, изјави тој за „New York Times“ во 2010 година.

Но, ниту тоа не го вразумило. Имал повеќе моменти на криза пред да побара помош од Елтон Џон кој му помогнал да престане да конзумира наркотици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by maxnc (@maxnc_88_)

„Елтон Џон му беше совршен ментор. Неделно му кажуваше како напредува и тие станаа многу блиски“, пишува во биографијата на Еминем.

По борбата со зависноста, почнал опсесивно да губи килограми. Почнал да трча по 27 километри секој ден, опсесивно ги броел внесените калории и на крај стигнал до 67 килограми. Се префрлил од една зависност на друга.

„Бев како хрчак, трчав, додека не се повредив. Дури тогаш почнав да бидам внимателен и станав умерен во вежбањето“, изјави Еминем во една прилика.

Во 2018 година, се случи една од најбизарните расправии на познатата сцена. Таа година, Еминем одеднаш и без претходна најава го објави албумот „Камиказе“ со кој навреди многу рапери.

Еминем го навредил Кели во песната затоа што на „Твитер“ во 2012 година напишал дека ќерката на Еминем, Хејли Џејд Скот е „е*ено згодна“. Тогаш имала само 17 години и на Еминем му пречело тоа. По песната и првата реакција на Кели со песната „Rap Devil“, Еминем повторно одговори со одвлекувањето на вниманието со песната „Killshot“. Го навредил младиот рапер и го нарече фејкер, а потоа се потсмеваше и со неговата фризура. По малку повеќе драма и јавна провокација, тие двајца веќе воопшто не се поднесуваат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Black TV WorldWide (@blacktvafrika)

Две години по оваа голема расправија, Еминем позитивно ја шокираше јавноста.

Имено, тој минатата година сподели многу емотивна објава со своите следбеници на социјалните мрежи. Иако ретко зборува за приватниот живот, овој пат реши да се пофали. Тој објави фотографија од „чипот на трезвеност“ и се пофали дека е чист веќе 12 години.

 

„Чисти 12 години. Не се плашам“, напиша пејачот во описот на фотографијата што ја сподели на својот инстаграм-профил.

За зависноста во една прилика откри дека знаел да испие и до 30 лекови против болки и 40 до 60 лекови за смирување во еден ден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marshall Mathers (@eminem)

„Не знам во кој точно момент тоа стана проблем. Само се сеќавам дека ми се допаѓаше се повеќе и повеќе“, рече тој во документарниот филм „How Yo Make Money Selling Drugs“.

Благодарен за неговиот, сега, „чист“ живот што им го припишува на своите ќерки Хејли Џејд Скот, Алаини Матерс и Витни Матерс.

Слични објави

(Фото) Саша Ковачевиќ на романтично патување со девојката: Силно ја гушка, а таа никогаш посреќна

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев: Тироидектомија – отстранување на тироидната жлезда

еспресо

Еве што велат сараевчани за Харис Џиновиќ по разводот од Мелина: „Лош човек, го кренал носот…“

еспресо

Неделен хороскоп (од 29 април до 5 мај): Посебни мигови за Јарците, љубов за Биковите, одлично за Близнаците…

еспресо

(Фото) Силни зборови на Драгана Мирковиќ по разводот: „Многу сум посилна отколку што мислев, се сакам новата себе!“

еспресо

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо
Се вчитува....