07:57 - 16 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРЕДУПРЕДУВА: Кој не направил зимница има шанса да го „фати“ сончевиот период, потоа, потешко…еве од кога до кога!

– Како што веќе кажавме, од утре па сè до петок и тоа под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност, најавува нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски, ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени.

Во Скопје и околината, во следните неколку денови времето ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец, додека температурата ќе се искачува помеѓу 16 и 17 степени.

– Нова промена на времето, која ќе донесе нови врнежи, како и пад на температурите на воздухот се очекува за време на викендот, но детална анализа околу ова следува понатаму, потенцира метео прогнозерот.

Слични објави

Една порција зелен лиснат зеленчук дневно — што открива истражувањето за помнењето во повозрасната доба?

К.С.

(Фото) Џејла Рамовиќ во впечатливо издание – блесна во мини фустан со кој ги истакна нејзините долги нозе

Еспресо

Сопругата на Лазар Ристовски ѝ одговори на жена која ја нарече спонзоруша: „Ги доби своите пет минути“

Еспресо

„Каде песно моја“ – меланхоличниот евергрин на Славе Димитров што речиси пет децении ја чува својата магија

Т.Ц.

Весна Ривас ја прослави годишнината со сопругот кој ја изневерувал – се разделија, а денес повторно се заедно

Е.А.

Данијела Мартиновиќ за љубовта со Јосип: „Само го гледам и си мислам: Боже, ти благодарам!“

Еспресо
Се вчитува....