6.8 C
Скопје
20:49 - 12 март, 2026

АВАТАР 2: Се проширува семејството на „сините луѓе“

Оригиналниот филм беше премиерно прикажан во 2009 година. Потоа стана еден од филмовите со најголема заработка во историјата на кинематографијата дотогаш. Беше номиниран за Оскар во девет категории и доби три од нив – за режија, кинематографија, како и за визуелните ефекти.

Продуцентот Џон Ландау откри нови податоци за „Аватар 2“ на Џејмс Камерон во интервју за „Тотал филм“. Имено, продолжението ќе раскажува за натамошниот живот на ликовите од првиот филм – поранешниот Земјанин Џејк Сали (Сем Вортингтон) и Натири (Зои Салдана) – претставничката на народот Нави од далечна планета Пандора.


Тие веќе стапиле во брак и се грижат за своите деца… Но, среќните денови на Сали и неговото семејство се прекинуваат кога „Корпорацијата РДА“ ќе одлучи да ја продолжи својата работа на Пандора. Заедно со своите роднини, Џејк ќе биде принуден да побегне на „Гребенот“ – место кое се смета за безбедно. Таму ликовите ќе се запознаат со кланот Меткејн.

Продуцентот исто така навести дека сите наредни продолженија ќе бидат поврзани во една приказна.

Мислам дека силата на оваа приказна е во тоа што Џејмс (Камерон, б.п.) секогаш го прави во неговите филмови – тој пишува (сценарија) на универзални теми кои не се ограничени на еден жанр. И ако размислите за тоа, ќе видите дека нема поуниверзална тема од семејството. Во срцето на секое наше продолжение ќе биде семејството на Сали. Низ што ќе треба да поминат родителите за да ги заштитат своите деца?, реторички прашува Ландау.

Прикажувањето на второт дел ќе почне од декември иднава 2022 година.

 

Слични објави

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.
Се вчитува....