12:30 - 7 ноември, 2026

Андријана Петрушовска промовираше уникатен албум со народни песни во ново руво

Со желба да ѝ даде нова енергија на македонската народна музика, Адријана Петрушовска го промовираше својот нов мини-албум „Ој девојче, девојче“.

Проектот содржи современи преработки на добро познати македонски народни песни, споени со модерни аранжмани и освежен музички израз.

„Сакав преку овие песни повторно да нè потсетам на нашите корени и на богатото музичко наследство што го имаме. Македонската народна музика носи огромна вредност и заслужува да продолжи да живее и кај новите генерации“, истакна Адријана.

За време на промоцијата, пејачката во живо и со многу емоции ги испеа опесните од албумот, а атмосферата продолжи во одлично расположение и музичка дружба.

На мини-албумот се наоѓаат „Твојте очи, Лено“, „Јовано Јованке“, „Дејгиди луди млади години“, „Море сокол пие“, „Со маки сум се родила“ како и насловната „Ој девојче, девојче“.

Аранжманите за сите песни ги потпишува Јован Василевски.

Првиот видеоспот е снимен токму за носечката песна „Ој девојче, девојче“, а како што откри Адријана, кадрите се снимани во нејзиното родно Драчево.

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.
Се вчитува....