11:02 - 7 ноември, 2026

Музичарот Александар Ицов слави десет години на сцената со два нови проекти

По успешната турнеја низ Австралија, каде што беше одлично прифатен од македонската дијаспора, мултиинструменталистот Александар Ицов продолжува со нови музички проекти.

Деновиве Ицов го заврши снимањето на два нови видеоспота за своите најнови инструментални композиции – авторски ора изведени на хармоника и гајда. Видеозаписите се снимени на атрактивни локации во Грција, во соработка со Арт Студио продукција и Балкан Музик телевизија.

Во наредниот период следува и снимање на трет видеоспот во манастирскиот комплекс „Св. Георги Победоносец“ во селото Ораовица, Радовишко.

Новите инструментални дела и видеоспотовите ќе бидат промовирани на 29 јуни во Скопје. Настанот ќе има посебно значење бидејќи годинава Александар Ицов одбележува 10 години професионална музичка кариера.

Со секој нов проект, Ицов покажува дека македонската инструментална музика има силен идентитет, современ звук и светла иднина.

Слични објави

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо
Се вчитува....