17:12 - 1 април, 2026

Ана Курникова е повторно трудна: Поранешната тенисерка и славниот пејач очекуваат трето дете!

Пејачот Енрике Иглесијас (44) го очекува третото дете со долгогодишната партнерка и поранешна тенисерка Ана Курникова.

Парот засега ја нема потврдено среќната вест, но фотографиите објавени во шпанскиот магазин „Хола!“, го прикажуваат парот на брод во Мајами, каде на Ана јасно и се забележува трудничкиот стомак.

Ексклузивната фотографија погледнете ја овде!

Чувањето на бременоста во тајност и далеку од очите на јавноста за Курникова и Иглесијас не е никаква новост, во однос на тоа дека веста за тоа дека очекуваат близнаци, сега двегодишните Луси и Николас, ја криеја се до моментот кога тие се родија во 2017 година.

Зборувајќи за улогата на татко, Иглесијас своевремено изрази надеж дека ќе биде успешен и рече дека станува поодговорен од кога било.

Фото: Профимедиа

Тоа е едно од најдобрите чувства на светот. Поодговрен сум, возам побавно. Размислувам за глупавите работи пред навистина да ги направам – рече пејачот.

Енрике ретко зборува јавно за љубовта со Ана. Врската ја почнаа во 2001 година, откако се запознаа на снимањето на спотот за неговиот хит „Escape“.

Слични објави

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin
Се вчитува....