13:50 - 7 ноември, 2026

Ален Исламовиќ за успехот на Александра Пријовиќ: Без потреба се измачи во Арената

Една од најпознатите југословенски групи, „Бијело дугме“, следната година ќе ја прослави 50-годишнината од своето оформување. По тој повод, многумина очекуваат дека членовите на групата ќе направат повторно обединување.

Ален Исламовиќ, кој е еден од поранешните пејачи на групата, проговори на оваа тема.

„Па, не знам, сè зависи од Горан (Бреговиќ). Јас сум расположен за такво нешто и ако дознаам некоја информација – ќе ви кажам. Нема да ве лажам, не знам и не можам да ви тврдам дека ќе се случи тоа. Но, јас сум на располагање. Му реков на Горан: „Каде и да одиш, јас ќе тргнам и во глувчина дупка со тебе“, изјави тој за „Курир“.

Пејачката го искоментира и успехот на Александра Пријовиќ, која распродаде пет Арени во Загреб.

„Пријовиќ требаше да направи концерт на Хиподром во Загреб, џабе се мачеше со пет арени. Подобро ќе беше да донесеше 50 илјади луѓе во Хиподром и да го реши проблемот со ‘еден удар’. Како и да е, таа се измачи. Според мене, тоа е страдање. Попрво би одел во Хиподром и да направам фер концерт за 200-300 илјади луѓе, како што направивме ние“, рече тој.

 

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....