3.8 C
Скопје
06:55 - 26 декември, 2024

5 корисни совети како да ги прикриете килограмите доколку ви пречат

Се поголема популарност стекнува body positive movement, да не се биде оптоварен со изгледот и да се прифатите такви какви што сте.

Се додека се храните здраво и вежбате за вашето здравје и здравјето на вашето тело, тоа ќе биде совршено во било каква форма и да е. Доколку навистина се чувствувате добро во сопствената кожа, нема потреба да се грижите.

Сепак, доколку за некоја прилика сакате да ги прикриете колковите или струкот, со овие едноставни трикови лесно ќе го постигнете тоа.

Прилепениот модел на облека, заменете го со покомотен крој

Еднобојната облека и едноставната текстура се главни помошници. Темната палета, на чело со црната боја, навистина ја прави фигурата повитка, но тоа не е причина да се откажете од пастелните бои. Добро ќе ви прилегаат сите нијанси на крем, фстак, бледо розова и праска боја.

Instagram

Секако, посебно внимание треба да обратите на кројот. Тесно припиените работи уште толку ќе ги нагласат деловите што сакате да ги прикриете.

Instagram

Обрнете внимание на пругастата облека

Вертикалните елементи, примероци и линии, ќе ве направат визуелно повисоки и повитки. Притоа морате да внимавате на ширината на линиите и колку често се повторуваат. Широките линии може визуелно да ја прошират фигурата и затоа треба да бирате работи со потенки и почести линии.

Instagram

Бирајте фустани што се под колена или макси-должина

Што се однесува до фустаните, дајте му предност на рамниот крој и моделите со преклоп. Еднобојните фустани успешно може да ги замените и со цветни дезени. Фустанот кој не е припиен за телото, совршено го прикрива стомакот, како и кроевите со висок струк. Таквите модели ви дозволуваат да се ослободите од темните бои и внесете смели тонови во вашата гардероба.

Instagram
Instagram

Определете се за еднобони маици или блузи

Еднобојните блузи и маици не само што ќе ви ги разубават деновите во канцеларија, веќе во вистинската комбинација ќе биде и сјаен избор за пријатен викенд.

Instagram

Најефикасни се моделите со V резот, благо струкирани кроеви со преклоп, како и блузи со каиш или лента на струкот. Сите успешно ја извршуваат работата за прикривање на стомакот.

Instagram

Внимавајте на соодветната висина на панталоните

Високиот струк ќе ја направи линијата од половината до колковите, мазна и издолжена, така што колковите нема да бидат премногу нагласени.

Instagram

Класичните црни или темни панталони од цврста ткаенина, може да станат основата на вашата гардероба. Тие се совршени!

Instagram

Слични објави

Приведена Гога Секулиќ: Сè се случило на границата со Хрватска, со неа бил и нејзин колега

Еспресо

„Секогаш ќе ми бидеш прво дете…“: Саша Ковачевиќ со емотивна објава покажа кој му е најважен на светот

Еспресо

(Фото) Адам Лабунски објави слики со ќерката Хана: „Моето мало девојче“

Еспресо

Ова се најскапите свадби на српската естрада: Милиони евра, лимузини, специјалиети и светски креации

Еспресо

(Фото) Се стегна во зимско одело: Јована Јеремиќ скија со дијамантскиот прстен на рака, ја диктира модата и на снег

Еспресо

(Видео) Вељко Ражнатовиќ на Копаоник со поранешната: Сè „пука“ од романтика, тој ја бакнува Богдана, таа го бакнува српскиот фудбалер

Еспресо
Се вчитува....