9.8 C
Скопје
13:04 - 31 март, 2026

1000 фотографии: Биографијата на Ријана е книга на инстаграм-ерата (ФОТО)

Јавноста не престанува да зборува за визуелната автобиографија на Ријана. Секој што ја видел книгата потврдува дека тоа е книга на инстаграм-ерата.

Instagram

Книгата е тешка скоро 7 килограми, долга околу 40 сантимети. Во неа има повеќе од 1.000 фотографии кои се сведоштво за статусот на Ријана, не само како музичарка, дизајнерка и деловна жена, туку и како визуелна икона. Освен насловите и кратките објаснувања, во книгата нема ниту еден друг збор, дури ни предговор.

Дел од фотографиите даваат нов агол на Ријана. Тоа се фотографиите од нејзиното детство на Барбадос, кога била позната по своето средно име Робин Фенти. На една слика е забележена нејзината победа на локалниот конкурс за мис кога имала 16 години, а покрај фотографијата од алманахот пишува: „Робин е многу вредна и горда што добро си ја работи работата“.

Instagram

Неколку фотографии се посветени на прославата на нејзиниот 23-ти роденден. На друга пуши цигара додека Џеј Зи отвора златно шише со шампањско, а Бијонсе се смее покрај него.

Instagram

Најпознатите моменти од нејзиниот јавен живот во книгата се прикажани од друг аспект. Книгата на фановите на Ријана им дава увид во нејзиниот живот и поглед на приватните моменти кои досега не биле достапни.

Книгата е подготвувана 5 години.

Слични објави

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо
Се вчитува....