19.8 C
Скопје
17:39 - 21 октомври, 2026

(ВИДЕО) КУПИЛ КУЌА ПОЛНА СО ОТПАД: Во неа пронашол богатство вредно 400.000 долари

Домот на една ексцентрична пијанистка која ја затрупувала својата куќа со ѓубре и кутии, ја купил еден сопственик на продавница за антиквитети во Канада за само 10.000 долари поради состојбата во која таа се наоѓала. Но, на големо изненадување, во нејзината внатрешност пронашол многу вредни работи. Кога ја купил куќата полна со прашина, кутии и секаков отпадок, Алекс Арчболд од Канада не можел ниту да претпостави дека го направил потегот на животот.

Имено, Арчболд, кој инаку се занимава со колекционирање антиквитети, го купил домот на покојната наставничка по музика Бети-Џоан Рак. На почетокот се надевал дека во куќата ќе затекне само еден стар клавир.

Арчболд сè што се наоѓало во куќата на мадам Рак го преземал откако таа починала.

Трговецот со антиквитети снимил што сè открил во куќата, проценувајќи дека пронашол работи во вредност од околу 400.000 долари. Иако неколку години ја познавал госпоѓа Рак, никогаш не влегол внатре. Сепак, одлучил да ризикува и ја купил куќата. Меѓутоа, се шокирал кога видел насобрани работи, огромни слоеви прашина и отпад.

– Не знаев дека ексцентричната наставничка по пијано која ја познавав е, всушност, милионерка – рекол Арчболд.

Додека тој и неговиот тим макотрпно „прекопувале“ низ секоја соба, откриле ретки банкноти, вклучувајќи и чист сребрен долар и пари од 1920 година.

– Најимпресивните нешта што ги пронајдовме вклучуваат паричници полни со пари, сребрена плочка од 2,8 килограми и вреќи полни со златни и дијамантски прстени – истакнал тој.

Низ куќата имало кутии од модните брендови „Шанел“, „Барбери“ и „Тифани“, а Арчболд дури и пронашол блескав златен прстен во чевел.

Налетал на мали сребрени плочки, откако една испаднала од купче летоци, па ги проверил сите списанија и книги во куќата.

Орманите на госпоѓа Рак биле полни со дизајнерска облека, од крзнени капути до кроени костими, а спаѓаат во многу барани винтиџ парчиња.

Тука имало и стари записи, соба со перики, прибори за јадење, мебел, книги, чевли, украси и најмалку три машини за шиење.

– Сето ова има потенцијал, имав неверојатна среќа. Ова ми е најдобрата инвестиција во животот – заклучил Арчболд.

Откако ги собрал сите работи, решил дека големиот клавир ќе го задржи за себе.

Слични објави

Јована Јеремиќ откри како сака да биде погребана: „Ќе има забава, не сакам да ме оплакуваат!“

Еспресо

Лепа Брена го прослави роденденот: Еве колку години наполни, а честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) По 15 години, Татјана Стојановска си заминува од Канал 5 — колегите ѝ приредија емотивно испраќање

К.С.

„Немам ништо против сопругата на татко ми, повеќе ми пречеле партнерите на мајка ми“: Александар, синот на Тони Михајловски, искрено за односите во семејството

apostolova

Јелена Томашевиќ проговори за најголемиот срам кој го доживеала во кариерата

E.A.

Нема седатив за ваква љубовна болка: Марија Спасовска буди возбуда како алкохол во крвта со „100 промили“

Еспресо
Се вчитува....