9.8 C
Скопје
07:52 - 29 март, 2024

Зошто Финска е идеална за живот: 11 работи што ги прават Финците најсреќен народ на светот!

Иако се наоѓаат на самиот север од европскиот континент, и ноќта знае да биде подолга од денот, а добар дел од годината температурите се под нулата, сепак Финците се најсреќниот народ на светот.

Зошто е тоа така би можело да се објасни преку следните 11 причини:

Финците поминуваат многу време во природа

Околу 70 отсто од територијата на земјата се наоѓа под шуми, па тоа можеби е причина зошто Финците минуваат многу време во природа. Опкружени со дрвја и природа, тие се чувствуваат помирно, а некои од најпопуларните активности таму се долги прошетки и возење на велосипед.

Богатство со вода

Финска се нарекува и „земјата со илјада езера“. Овие езера се создале како резултат на глацијацијата која завршила пред 10.000 години. Водата во финските езера е толку чиста и здрава што можете да ја пиете дома директно од чешма, а речиси секој ресторан ќе ви понуди бесплатна вода во бокал, дури и ако не прашате.

Фото: Профимедиа

Пари за деца

Финските родители секој месец за секое дете добиваат 100 евра, а она што е интересно е дека тој „детски додаток“ важи се додека детето не наполни 17 години. Овие пари некои ги трошат, но повеќето родители си ги чуваат на страна, па му ги даваат на детето кога тоа треба да се отсели од нивниот дом. Занчи, не е тешко да се сфати дека голем дел од младите Финци „стартуваат“ со 20.000 евра на штедната книшка.

Најдобра пица на светот

Целата приказна започнала со несекојдневниот италијански премиер Силвио Берлускони, кој во една прилика, во морето од гафови по кои е познат, успеал да изјави дека не е љубител на финската храна и дека таа не може да се спореди со италијанската. Последица? Три години подоцна Финска освои натпревар за правење на пица, оставајќи ја зад себе токму Итлаија, а победничката пица го доби името Берлускони!

Кралови за рециклажа

Финците одамна сфатиле дека рециклирањето е потреба, па така во оваа земја повеќе од 90 отсто од отпадот се рециклира. Девет од 10 пластични шишиња одат на рециклажа, а процентот за стаклените шишиња е уште поголем.

Фото: Профимедиа

Доверба во полицијата

Граѓаните во Финска многу и веруваат на полицијата. Довербата е поголема од 90 проценти, но не само во полицијата, туку Финците имаат високо ниво на доверба кога станува збор и за другите институции.

Необични спортови

Тешко е и воопшто ова да се нарече спорт, но не е ниту лесно да се стави во некоја друга категорија. Станува збор за фрлање на мобилни телефони во далечина, лов на комарци и свирење на „воздушни“ гитари. Сите овие несекојдневни активности, повеќе или помалку, се сметаат за дел од културното богатство на Финска.

Луди по кафе

Според податоците на интернационалната организација за кафе, Финците се втори во светот по консумација на кафе по глава на жител. Образованието во училиштата, како и на универзитетите е бесплатно, а финскиот образовен систем е еден од најдобрите во светот.

Село во кое живее Дедо Мраз

Мало село во Лапонија по име Јоулупуки, може да се посети во текот на целата година. Финскиот Дедо Мраз има дури и пасош, од кој дознаваме дека е оженет и роден „многу одамна“. Ете, како што стојат работите, очигледно е дека луѓето овде веруваат во бајки, па не е чудно што животот им е прекрасен и речиси како од бајките.

Слични објави

Дожд од пари: Три хороскопски знаци конечно ќе го решат финансиското прашање

еспресо

Харис Џиновиќ ја отвори душата: „Таа побегна, ни со децата немаше контакт, баш добра мајка!“

еспресо

(Видео) Миа Костова стана жртва на измама: Не рекламирам чаеви за слабеење, не наседнувајте на лажни реклами

Еспресо

(Фото) „Моите деца ме подмладуваат“: Симона Поповска го прослави 32. роденден со семејството

Еспресо

Принцот Хари ќе има кратка и официјална средба со кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Уапсен познат српски естраден менаџер: Во станот му нашле дрога

Еспресо
Се вчитува....