20:59 - 2 април, 2026

ЗАМИСЛЕТЕ некој да ви забрани да носите тесни фармерки – токму тоа се случува во моментов во Северна Кореја!

Иако многумина велат дека на тесните фармерки им дојде крајот, и широките „торбести“ пантолони ќе станат симболот на генерацијата З, сепак деновиве тие привлекуваат огромно медиумско влијание.

Наводно, севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун ги банираше тесните фармерки поради промовирање на „капиталистички начин на живот“.

Ким Јон Ун / Фото: ЕПА

Според написот на Прија Елан за „Guardian“, повикувајќи се на други извештаи, овој потег, исто така, наводно опфаќа и одредени видови на машки фризури, како и пирсеви.

Написот цитира и текст од јужнокорејската новинска агенција „Yonhap News Agency“ од почетокот на овој месец, но во овој текст не се споменуваат фармерки или други предмети. Наместо тоа, се наведува дека официјалниот весник на Северна Кореја повикал на „напори да се спречи влегувањето на капиталистичката култура во земјата“.

Фото: Профимедиа

Во друг текст на „Guardian“ од 2009-та година пак, во кој се зборува за црните северно-корејски фармерки извезени во Шведска, се вели дека раководството на Северна Кореја, наводно, сметало дека тексасот во сина боја е „симбол на американскиот империјализам“ со години.

Слични објави

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.

(Видео) Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

apostolova

Ова сигурно не го знаевте! Бајага напишал голем хит за Весна Змијанац

Еспресо

(Фото) Аница Лазиќ го оперирала носот: Еве како сега изгледа девојката на Лазар Ристовски

Еспресо
Се вчитува....