9.8 C
Скопје
03:41 - 31 март, 2025

ВОЗБУДЛИВИ НОВИНИ: 5 работи што може да ги правите во кревет, а тоа да не биде секс

пар еротика љубов

Луѓето го дефинираат „сексот“ на различни начини. Но, без оглед на тоа како го дефинираме, многумина од нас можат да заглават во идејата дека тоа е главниот настан, а сè друго е само предигра. Тоа може да нè наведе да ги занемариме сите други забавни и интимни работи што можеме да ги правиме во кревет, покрај сексот. 

1. Обидете се со заемно мастурбирање.

„Мастурбирањето рамо до рамо не е само еротско искуство, туку исто така ви помага да научите како другиот сака да биде допиран“, вели сексуалната терапевтка Ванеса Марин.

На крајот на краиштата, никој не го познава вашето тело подобро од вас. По гледањето на техниките што ги користите за себе, вашиот партнер може да ја подобри својата техника и обратно.

2. Читајте си еротски книги

Честопати, слушањето за секс може да ве возбуди исто како и да го имате. Затоа, поминувајте време наизменично читајќи еротски приказни еден на друг. Можете дури и да ги внесете оние што ги опишуваат вашите фантазии за да видите дали се привлечни за вашиот партнер.

3. Користете вибратор

„Вибраторите не се само за мастурбација, ниту се само за вулвата“, вели д-р Џес О’Рајли. Многу луѓе уживаат да ги користат за своите партнери и можат да предизвикаат добро чувство на многу делови од телото, вклучувајќи ги градите, бутовите, пенисот, скротумот и перинеумот.

„Не е изненадување што нивната употреба е позитивно поврзана со повисоки стапки на оргазам и сексуално задоволство“, вели д-р Џес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by V FOR VIBES (@vforvibesofficial)

4. Испраќајте секси пораки еден на друг во кревет

Има многу работи што треба да ги правите покрај сексот што може да ве „запали“ и двајцата, а една од тие работи вклучува „секстирање“ (праќање на смс пораки со сексуална содржина). „Сектирањето“ може да биде интимно, особено кога вашиот партнер е веднаш до вас. Сексуалната напнатост и расположението што може да се создадат преку пораки може лесно да ја загрее атмосферата.

5. Разговарајте за фантазиите

Понекогаш разговорот за фантазиите може да биде подобар од сексот, особено ако секој од партнерите сака да ги испроба фантазиите на другиот. Разговорот за фантазиите исто така може да им помогне на двајцата да се забавуваат и да спознаат интересни работи еден за друг.

Извор: „Your Tango“

Слични објави

(Видео) Фрлиле солзавец на настапот на Теодора Џехверовиќ, пејачката проговори: Се исплашив

Еспресо

Почина Маринко Колнаго, основачот на „Нови фосили“

Еспресо

(Фото) Цеца на концертот пристигна со бесен автомобил, платила 120.000 евра за луксузното возило: Сите очи свперени во новиот имиџ на пејачката

Еспресо

(Фото) Душко Тошиќ отпатува со ќерките надвор од Србија: Ги однесе на омиленото место на Карлеуша

Еспресо

Маж од публиката го прекина концертот на Цеца Ражнатовиќ синоќа: Таа почна да го повикува обезбедувањето

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Стрелците да бидат отворени во љубовта, Девиците да бидат искрени кон партнерот, а вие?

Еспресо
Се вчитува....