7.8 C
Скопје
02:52 - 2 октомври, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) Уметноста на ВЕРА ШИМУНИЈА: Везени пејзажи на мало парче ткаенина

Вера Шимунија е руска уметница која не се плаши да експериментира и која ја носи уметноста на едно ново ниво. Тоа покажува дека уметноста може да се создаде и без четки или молив.

Таа создава пејзажи кои воодушевуваат, само со игла и шарени конци, прикажувајќи различни расположенија.

Instagram
Instagram

Вера по професија е економист и никогаш не посетувала работилници или часови по уметност или курс за везење. Порано се занимавала со аматерско сликање, но да стане вистински уметник никогаш не била нејзината цел.

Сè започнало кога почувствувала желба да ги сподели своите чувства, па така започнала да ги создава овие убавини.

Instagram
Instagram

Нејзината желба е да ја прикаже различноста на природните предели на мало парче ткаенина. Вера комбинира сатенски конци и француски јазли и додава тенки и дебели влакна и конци за да добие повеќедимензионален, реален изглед.

Нејзините апсолутно омилени дела се делата инспирирани од убавината на небото. Таа верува дека без разлика дали небото е мрачно, спокојно или јасно, чисто сино, може да стане огледало на расположението на човекот. Таа исто така додаде дека одредени делови од везовите се одраз на нејзините сопствени чувства.

Нејзините дела можат да се препознаат по лелеавите хоризонти кои се остри за разлика од пејзажите, кои и истовремено ги надополнуваат, пишува „Bright Side“.

Слични објави

(Фото) Прекрасната Елена Реи на модна ревија во Милано — заблеска во креација на македонскиот дизајнер Марков

К.С.

(Фото) Како холивудска дива од 20-тите — Калтрина Круезиу во раскошно бело издание на гала во Скопје

К.С.

(Фото) Јаков Јозиновиќ го прослави 21. роденден: доби емотивно изненадување

apostolova

(Фото) Адријана Алачки остана без фризер пред снимање, па Анета Љумаковска ја спаси ситуацијата: „Ете што е вистински колега“

К.С.

Тереза Кесовија одложи два концерти поради здравствени проблеми: „Ќе дадам сè од себе да закрепнам“

Еспресо

Искористете ги посебните попусти во Wood Room и подновете се со уникатна клуб-маса со епоксидна смола

Еспресо
Се вчитува....