16:52 - 26 февруари, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) Тинејџер по кавга со родителите си направил свој ДОМ за околу ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ: Започнал да го гради само со еден копач во рака

Тинејџерските години се вистински предизвик кога се во прашање несогласувањата со родителите. Секој од нас се сеќава на тој можеби и најубав период во животот кога мислите дека сте комплетно созреани, но сѐ уште сте по „диригенската палка“ на мама и тато, а тоа не ви се допаѓа.

Еден тинејџер од Шпанија по расправија со неговите родители бил многу лут, а целиот бес решил да го исфрли од себе копајќи дупка во семејната градина.

Четиринаесет годишниот Андрес Канто веднаш по кавгата со родителите земал копач и излегол во градината.

Тинејџерот од лутина ископал голема дупка, а на истата се враќал секое попладне во наредните три години и активно продолжил да копа.

По долги шест години, Андрес направил цела пештера со дневна соба и бања, како и дел со фурна и кревет за спиење. За безбеден влез во пештерата направил и скали.

Младиот Андрес повеќе не е тинејџер бидејќи има полни 20 години, но до ден – денес не може да одговори што е тоа што го натерало да почне да копа во 2015-та година, но и покрај тоа тој е многу задоволен од резултатот.

На почеток земјата од дупката ја вадел со раце и обичен алат, но негов пријател му помогнал во работата со пневматска дупчалка, која го забрзала процесот што на крајот резултирало со пештера длабока три метри.

Сега Канто планира да ја прошири својата пештера, која веќе има и систем за греење, интернет и музички систем. Притоа во пештерата температурата е идеална и тоа меѓу 20 и 21 степен меѓу месеците мај и септември.

Андрес овој проект не го чинел повеќе од 50 евра, а материјалот бил поевтин од тоа што го очекувал. Во пештерата сега минува до пет часа дневно релаксирајќи се, благодарение на интернетот кој сам го инсталирал.

Откако Андрес ја објавил снимката од пештерата на социјалните мрежи, станал вирален и го привлекол вниманието на локалните власти.

Канто вели дека овој проект сѐ уште не е готов и дека планира да направи и џакузи.

Слични објави

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Органодарителството е чин на највисока солидарност

Еспресо

Објавен дел од исповедта на Цеца во филмот за Саша Поповиќ: „Тоа што го кажа нема цена“

Е.А.

Ѕвездата на „Луд, збунет, нормален“: „Среќа што сум жив, имав три операции на гласните жици“

Еспресо

„Чекам повик за операција на срце“: Дечко ѝ на Ана Николиќ потврди дека ќе биде опериран

Еспресо

„Од разните полови болести, татко ми станал стерилен“: Нови шокантни изјави на ќерката на Аца Амадеус

Е.А.

21-годишната ќерка на Ивица Дачиќ, Андреа, сака да тргне по стапките на татко ѝ

Е.А.
Се вчитува....