9.8 C
Скопје
13:15 - 31 март, 2026

(ВИДЕО) Девојка починала како бездомник, а на нејзината сметка имало близу милион долари: Во чии раце завршило нејзиното наследство?

Животот понекогаш знае да си поигрува со нас, а тоа најдобро го илустрира животната приказна на една девојка која била бездомник, а притоа на нејзината банковна сметка имало нешто помалку од еден милион долари.

Една жена од Орегон починала минатата година како бездомник, не знаејќи дека наследила 884,447 долари.

youtube/printscreen
Фото: Youtube/Printscreen

Кети Бун починала во прифатилиште за бездомници во Асторија, Орегон. Бун имала проблеми со менталното здравје и злоупотреба на наркотични средства. Кога нејзината мајка починала во 2016 година и оставила на Кети значајно наследство, никој не успеал да ја најде и да ја извести, пренесува порталот на „РТС.rs“.

„Тоа навистина не е фер. Тие пари едноставно биле на нејзината сметка кога се мачела на улиците“, изјавил нејзиниот татко Џек Спитол.

youtube/printscreen
Фото: Youtube/Printscreen

По бројните огласи за нејзина потрага во печатените медиуми како и безуспешната помош од приватен истражител, парите на крајот биле префрлени на сметката на локалните власти, но никој никогаш не одговорил каде завршила таа сума.

„По потрага од годината и половина и напорите на личниот застапник, како и на адвокатот во овој конкретен случај, државата навистина не можеше да стори ништо повеќе“, изјавила портпаролката на Министерството за надворешни работи Клаудија Кобанау, додавајќи: „Ова е уникатен случај и ние искрено сочувствуваме со семејството“, пренесува „РТС“.

Не е познато што ќе се случило со парите кога Бун починала, но сепак, таа има две биолошки деца кои можат да побаруваат од тие средства, пренесува „KGW News“.

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

На која возраст жената го доживува најинтензивниот оргазам?

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....