23:45 - 13 април, 2026

Три најчести фитнес грешки поради кои се откажуваме од тренинг и слабеење

фитнес

Овие три грешки прават најголем проблем во постигнувањето на целите – цврсто затегнато тело и фит линија. Доколку ги надминете, победата е на ваша страна.

Претерано анализирање

Најчеста грешка кај фитнес-почетниците е претераното анализирање и калкурирање за колку време ќе станат „нови“. Само за мал процент на луѓе менувањето на животните навики се случува лесно, а за најголем дел од нас тоа не се случува преку ноќ. Сите ја знаеме „тајната“ за здраво тело и витка линија – вежбање и здрава храна. За почетниците, грешка е да се нафатат за екстремна промена, односно секојдневна физичка активност и ригорозна диета. Ваквата „страст“ малку ќе ги држи. Попаметно е да почнат со фитнес три пати во неделата и умерена диета, без од тоа да прават научна фантастика. Резултатите сигурно ќе дојдат.

Нетрпение

Да не се залажуваме, до совршено тело тешко се доаѓа, не се случува тоа за две три недели. Да беше поинаку сите ќе бевме совршено згодни. Огромен број од почетниците очекуваат дека интензивните тренинзи ќе им донесат инстант резултати и ако не ги видат во рок од еден месец, се откажуваат зашто им здосадува и понатаму напразно да се мачат. Но зошто воопшто да почнувате едно фитнес патување ако не мислите тоа да е долгорочно? Тешко дека за еден месец ќе дојдете до тело од соништата, ама вистинските резултати ќе ги видите на себе секако после третиот месец упорност. Тоа ќе ви даде мотив да продолжите понатаму. До „ново“ тело ќе дојдете сигурно после една цела година. Значи ако нештата од почеток не се онакви какви што сте ги замислиле, не се откажувајте!

Повторување

Многу често се случува при вежбање да влеземе во една рутина и со ист интензитет да ги правиме вежбите како што сме ги правеле на самиот почеток. Но вежбите со текот на тренинзите ни стануваат полесни. Ако секој ден трчате на пример, три километри, секој следен пат таа патека ќе ви станува се полесна зашто телото веќе станало посилно и полесно ја совладува вежбата. Тоа значи дека секој следен пат кога ќе трчате ќе трошите помалку калории зашто оваа вежба на телото му станува се полесна. Тоа е причината зашто сега не губите килограми со иста брзина како на почетокот на тренинзите. Затоа, морате секогаш да му поставувате нов предизвик на вашето тело се додека не ги постигнете целите.

Слични објави

Џастин Бибер направи хаос на „Коачела“ – за 10 милиони долари пушташе музика на лаптоп!

Т.Ц.

(Фото) Ана Николиќ со ќерката и Рале отишле во манастир: Стајлингот на пејачката предизвика бурни реакции на социјалните мрежи

apostolova

(Фото) Лазар Ристовски и Аница Лазиќ во романтична велигденска идила: Пловат со брод и разменуваат нежности

Еспресо

Данијела Мартиновиќ ја отвори душата: „Животот нè учи да го препознаеме она што е важно“

Т.Ц.

(Фото) Драгана Мирковиќ во „мустанг“ од 85.000 евра ужива на висока нога во срцето на пустината во Невада

Т.Ц.

Отако ја претепал партнерот, Ава Карабатиќ откри дека е бремена

Еспресо
Се вчитува....