7.8 C
Скопје
01:22 - 30 март, 2026

СТАРИ ВЕРУВАЊА: На третиот ден Божиќ направете ги овие работи и цела година ќе имате среќа, мир и радост!

Православните верници го слават Божиќ полни три дена, а секој има свое име. По календарoт на обичаи, куќата не се чисти три дена, особено не со метла.

Tретиот ден од најрадосниот христијански празник е посветен на штитеникот на болните, архиѓакон и првомаченик Стефан. На вториот ден од Божиќ одиме кај пријателите, кумовите, а добредојдени се гостите, a на третиот ден Божиќ се верува дека е важно да се продолжи и сочува духот на солидарноста, милосрдието, пријателството.

Овој ден се смета за ден на помирување и простување.

Според народното верување денес се смета дека е важно да се започне со чистење на токсичните односи, ослободување на потиснатите чувства и враќање на вербата во луѓето и љубовта.

Затоа на овој празничен ден треба да се јавите или да ги посетите пријателите или членовите на семејството со кои сме имале некакво недоразбирање.

Важно е да си простите еден на друг, да заборавите на старите грешки и да ја започнете годината во мир и меѓусебна љубов.

Интересно е што на овој ден – доколку сте донеле слама дома за Бадник (како симболика за местото на кое Исус се родил), во мир и спокојно таа слама треба да ја изнесете од домот во дворот или да ја префрлите на друго место. Сламата според обичаите останува дома се до третиот ден Божиќ.

Тишината при овој ритуал е многу важна зашто се верува дека така нема да се поремети божиќниот дух во домот.

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....