18.8 C
Скопје
16:43 - 11 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Ни доаѓа дожд и засилен ветер, еве кога

– Како што најавивме, под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, утре времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, и истите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Поради заладувањето, врнежите од дожд на повисоките места и на планините ќе преминуваат во врнежи од снег, а сево ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен правец. Температурите утре ќе бидат значително пониски за разлика од денешните и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Според Попоски од среда следува неколку дневен период на претежно стабилно и суво време. Ќе продолжи да дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, додека температурите ќе останат пониски и максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени, додека наутро температурите понекаде ќе се спуштаат и под нулата. И во Скопскиот регион утре ќе има повремени врнежи од дожд, а ќе започне да дува и засилен ветер од северен правец, со што на околните планини ќе се создадат услови и за повремени врнежи од снег. Потоа од среда па натаму времето ќе биде претежно стабилно и суво. Температурите понатаму ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 14 степени.

Слични објави

Повторно насилство во семејството Голубовиќ: Судот му изрече итна мерка на Кристијан

apostolova

(Фото) Луна Ѓогани во провокативно издание од Малдиви: Голи нозе, длабоко деколте и безброј коментари

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ за свршувачката со Тигар: „Јас сум реинкарнација на неговиот покоен татко“

Еспресо

Јелена Розга проговори за плановите за свадба со Иван Хуљиќ

Еспресо

(Фото) Сара и Димитар на втор меден месец на минус четири степени

msp-admin

Поранешната свршеница на Лука Дончиќ поднела барање за алиментација, тој порача: Секогаш ќе се борам да бидам со ќерките

Е.А.
Се вчитува....