5.8 C
Скопје
04:31 - 30 април, 2024

ФРИЗУРИ ШТО ПРАВАТ ДА ИЗГЛЕДАМЕ ПОМЛАДИ: Совети од најдобрите светски стилисти

Секоја сезона диктира нов тренд на фризури. И нема ништо лошо во следењето на тие трендови се додека сме свесни за годините кои ги носиме.

Во познатата реченица „како ни минуваат годините косата треба да ни станува се покуса, а фустанот се подолг“ има голема доза на вистина. Фризурата во голема мера може да ни додаде десетина години повеќе отколку што имаме или барем за толку да направи да изгледаме помлади. Една тинејџерка многу лесно може да заличи на сериозна „тетка“ со својата дамска пунџа на главата. „Ладните“ фризури подеднакво прават да изгледаме постари.

Рамна коса со шишки

Рамната коса со шишки (иако годинава не е модерна) визуелно одзема десетина години, па затоа е и една од фризурите кои најмногу се препорачуваат на жените кои навлегле во петата и шестата деценија од животот. Сепак, за да ја „носите“ оваа фризура би требало да имате издолжена форма на лицето.

Дамите со природно заоблена форма на лицето, но и оние покрупните, нема да го постигнат младешкиот ефект од оваа фризура, односно таа наместо да им „одземе“ од годините, туку само ќе им „додаде“ неколку килограми повеќе.

Куса залижана коса

Кусата залижана коса е за дами со префинет вкус, може да е сосема залижана на страна или пак наназад. Подмалдува без разлика на формата на лицето, но сепак – предност да ја носат имаат оние со округла форма на лицето. Инспирирајте се од стилот на Изабела Роселини, на пример.

Изабела Роселини денес, фото – инстаграм

Плетенка

Со желба да изгледаат помладо некои се определуваат за фризура со кикички со која на 40+ многу веројатно е дека ќе изгледате детинесто.

Но да се изгледа детинесто на таа возраст повеќе асоцира на тоа да се изгледа „будалесто“ отколку на визуелно помладо. Плетенката е совршено решение за подмадување на сите оние кои имаат округло (заоблено) лице. Неформално пуштената долга „дива“ коса со посветли прамени исто така подмладува.

Куса со асиметрична форма

Кусата коса секако подмладува без разлика на формата на лицето, но според обликот на лицето сепак треба да се одбере фризурата и колку косата би можела куса да биде. Оние кои имаат долгнавесто лице би можеле да си дозволат и суперкратка, па и машка фризура, куса коса со шишки или уште подобро – куса коса со асиметрична форма.  На дамите пак со заоблено лице најдобро би им стоела степенесто потстрижаната коса со умерено кратка должина која би можела да биде замазнета на едната страна или високо подигната под темето.

Шерон Стоун со асиметрична фризура, фото – инстаграм

Правилен избор на боја за коса

И бојата на косата влијае на визуелното подмладување. Обично русокосите изгледаат помладо од на пример, оние кои имаат светол тен и контрастно темна фризура која вниманието го насочува кон лицето (и брчките).  На оние пак со темен тен, за помлад изглед, најдобро би им прилегала боја на косата која е неколку нијаси потемна од тенот. Црвенокосите со светол тен кои можеби во младоста не се воодушевувале на својата природна боја на косата, во позрелите години се во апсолутна предност особено ако косата е средена со покрупни локни.

Избегнувајте го таканаречениот минивал во кој многу жени наоѓаат (не)практично решение за својата фризура, зашто секако визуелно ќе ви додаде неколку години повеќе.

Слични објави

Астропрогноза за вторник, 30 април: Подарок од универзумот за Лавовите, важен ден за Овните

еспресо

Велигденско јајце-чувар на домот: Што да направиме со стариот чувар на куќата кога вапсаме ново „прво јајце“

еспресо

„Жена од султана“ побегна од својот роденден: Пејачката донела неочекувана одлука и веднаш морала да реагира

Еспресо

Принова кај познатата двојка: Петар Грашо и Хана Хуљиќ го очекуваат своето второ дете

Еспресо

(Фото) Македонката Татјана Јанушева блесна на престижна модна ревија во Франција

Еспресо

Синот на Цеца ја расплака нацијата: Вељко Ражнатовиќ се откажа од паричната награда, еве за кого одат 5000 долари

Еспресо
Се вчитува....