9.8 C
Скопје
12:46 - 1 април, 2026

Славчо Попоски најавува: Невреме и во Скопје, потоа – пак спарно и топло, проверете кога

– За време на овој викенд, под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса, времето ќе биде особено нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени, додека во текот на утрешниот ден истите ќе опаднат за неколку степени и ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 30 степени.

Во Скопје и околината овој викенд времето ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Температурата денес во Скопје ќе се искачи до околу 28 степени, додека утре истата ќе биде за еден степен пониска и ќе се искачи до околу 27 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Според Попоски, во следните денови времето ќе биде постабилно и посончево, иако во попладневните часови не се исклучува можноста за изолирана нестабилност. Што се однесува до температурите тие, особено од вторник ќе бележат тенденицја на позначителен пораст и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурите се очекува да надминат 35 степени.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека викендов Атмосферата ќе биде МНОГУ НЕСТАБИЛНА, во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, исто така во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да не ги ставаат во близина на дрвја за да не дојде до несакана штета. Исто така во случај на електрични празнења, овчарите своите стада да ги делат во помали групи, со цел да ги заштитат.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....