Жаклина Беридо Пизано од Србија е најпровокативната баба на светот. Оваа модна блогерка која има 50 години, со својот изглед го зема здивот. А во текот на животот поминала низ вистинска голгота.
Жаклина вложува навистина многу пари во својот изглед и облека, но зад нејзиниот безпрекорен живот се крие голема тага. Таа во 2016 година, на Бадник го изгубила синот кој настрадал во сообраќајна несреќа во Белград. Сега на секоја своја фотографија става хаштаг #rememberstefan, во сеќавање на Стефан кого го нарекува ангел чувар.
„Јас сум мајка на Јана и го изгубив другото дете, синот Стефан, кој загина во 23-тата година во сообраќајна несреќа. Го згази автомобил на пешачки премин во Белград во 2016 година. Ми беше многу болно, тешко, непремостливо. Сега се посветив на моите внуки, чии слики ги тргнав од сите друштвени мрежи, останаа само некои на кои не им се гледа лицето“, раскажува Жаклина.
Родена е во Белград, но долги години живее во странство.
За Жаклина и нејзиниот живот пишуваат многу списанија. Соработува со бројни луксузни брендови, а нејзиното тело е навистина перфектно.
„Јадам многу овошје и пијам многу вода. Јадам по едно авокадо дневно, не пушам и не пијам. Јадам риба, морски плодови, месо и зеленчук. Од своите 10 години, најмалку 45 минути дневно вежбам. Неопходно е редовно да се вежба и да се има здрава исхрана. Ја негувам и својата душа“, открива Жаклина.
Жаклина е омажена за Италијанец, чиј идентитет вешто го крие од јавноста, иако тој има свој
Инстаграм каде наместо името го напишал прекарот – „Таа ме нарекува господин Совршен“.
„Мојот Господин Совршен. Тој е мојот цел свет иако не е од оние личности кои сакаат да се експонираат. Мислам дека сега е совршениот момент да го претставам пред сите вас“, напишала Жаклина под фотографијата од црвениот тепих во Кан, на кој позира со својот сопруг.