7.8 C
Скопје
22:47 - 31 март, 2026

ВИДЕО+ФОТО: Куќичка во природа поради која многумина би го напуштиле големиот стан во центарот на градот – Вака изгледа уметноста на живеењето во мал простор!

Шај е жената која одлучила својот живот да го помине во мала и скромна куќичка во природа…

Својата филозофија за животот ја споделува со истомислениците на кои таа самата може да им дизајнира или изгради мали куќички, бидејќи отворила и фирма која се занимава со тоа.

Но куќичката која ја наменила за себе си е направена така што таа може да се поместува. Главниот дел е на тркала, а другиот дел е фиксен и тој ја претставува дрвената тераса со настрешница од зелен покрив и стакло.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Внатрешноста е полна со зеленило и е многу безбедна за мали деца. Куќичката е полна со светлина поради големата влезна врата која покрива половина ѕид и сосема е од стакло.

Кујната е практична и зазема поголем дел од куќичката, бидејќи воопшто не е мала. Полна е со шкавчиња и скриени прегради за остава, како и пулт направен од полно дрво.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

„Трикот е во тоа дека ни е потребен многу голем простор. Реалноста е дека за среќен живот ни е потребно многу малку“, тврди сопственичката на оваа куќичка.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....