7.8 C
Скопје
20:06 - 1 април, 2026

Толку ги зголемила градите што едвај ги носи, а се започнало после разводот (ФОТО)

Фокси Менџдери (42) вели дека нема да престане да ги зголемува градите, бидејќи сака да изгледа како Џесика Ребит.

Жената од Мичиген, носи Z корпа на градник и вели дека не планира тука да застане. Оваа 42-годишна жена моментално има импланти во вредност од 6.640 кубни сантиментри.

После разводот сакала да има нов изглед, па првата операција за зголемување на градите ја имала пред 6 години.

Оттогаш нејзините гради се здобиле со застрашувачка големина, а Фокси очекува дека наскоро ќе достигне бројка од 7.000 кубни сантиметри во градите.

Фокси признава дека поради тежината на градите често се случува да изгуби рамнотежа и падне.

„Признавам, опседната сум со операции, но само поради тоа што ми се допаѓа резултатот. Одлично се чувствувам кога се ќе заврши, бидејќи тогаш ја гледам новата личност во која се претварам“, објаснила таа.

Иако ги обожава своите неверојатно големи гради, Фокси признава дека се соочува со бројни потешкотии.

„Тешко ги облакам чевлите, не смеам да се приближам до шпоретот кога готвам и неколку пати до сега ми се има случено да паднам додека се симнувам по скали“, вели таа.

Иако во детството била многу повлечена и срамежлива, Фокси после разводот одлучила дека сака да се занимава манекенство.

„Операциите допринесоа за мојата самодоверба, бидејќи тоа беше изгледот кој го посакував. Ми требаше многу за да дојдам до овој момент“, вели таа.

Откако ги зголемила градите, Фокси започнала да привлекува многу внимание на улица, што изјавила дека ѝ годи, се додека не слушне некои навредливи коментари.

„Не ги обвинувам што ме гледаат, тоа е како и со чудовиштето од Лок Нес, не знаете кога ќе го видите, а доколку го видите сакате веднаш да го сликнете“, објаснува Фокси.

Иако повеќето пријатели ја поддржуваат на овој пат, семејството е загрижено.

„Не се соочувам со потполно разбирање од страна на своето семејство. Знам дека многу барам од нив и дека многу се променив од своето раѓање. Затоа ги разбирам“, вели таа.

„Ми останаа уште многу операции кои ме чекаат оваа година. Во мај имам операција за задникот“, открива таа и додава дека не е сигурна дали некогаш ќе биде потполно задоволна со својата појава.

„Сега не можам да поставам некоја одредена цел, но дефинитивно сакам се уште да ги зголемувам градите“, заклучила Фокси.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....