4.8 C
Скопје
18:00 - 26 декември, 2024

„Ти благодарам што на моите црно-бели песнички им подари боја“: Гитаристот од „Роксет“ се прости со Мери Фредриксон со емотивна порака (ВИДЕО)

По тешко боледување почина Мари Фредриксон, пејачката на групата „Роксет“.

Фредриксон е родена на 30 мај 1958 година во малото шведско село Осјо. Била најмалото од петте деца, а како што многупати изјавила, првпат срцето ѝ се скршило кога имала само седум години.

„Мојата најстара сестра загина кога имав седум години. Тој ден ни го разори семејството, ништо не беше исто после тоа“, рекла во една прилика.

Mari Fredrikson
Profimedia

Бидејќи семејството ѝ било во лоша финансиска состојба, поголемиот дел од времето го поминувала сама дома. За нејзината љубов кон музиката одговорен е пасторот во нејзината парохија кој го поттикнувал нејзиниот талент. Во младоста најмногу сакала да ги слуша „Битлси“, „Дип парпл“ и Џими Хендрикс.

Mari Fredrikson
Profimedia

На почетокот на 80-те години започна нејзината музичка кариера. Првиот хит ѝ бил „Annu doftar karlek“. Неколку години заедно со Пер Гесле го основаат дуетот „Роксет“. Нивниот прв албум доживеал голем успех во Шведска. Последниот заеднички албум го издале во 2013 година.

Пер се прости од Мари на социјалните мрежи со емотивна објава.

Instagram

„Времето така брзо поминува. Не толку одамна поминувавме денови и ноќи во малиот стан во Халмстад, слушавме музика која двајцата ја сакавме, ги делевме соништата и мечтаевме. И каков сон заедно остваривме на крајот! Ти благодарам Мари, за сè. Ти благодарам што на моите црно-бели песнички им подари боја. Ми беше најдобриот можен пријател последниве 40 години. Целата моја љубов е за тебе и за твоето семејство. Веќе никогаш нема да биде исто“, напишал.

Mari Fredrikson
Profimedia

Туморот на мозок ѝ е дијагностициран во 2002 година. Мари на 11 септември 2002 година во раните утрински часови се вратила од трчање. Кога влегла во бањата добила вртоглавица, паднала и удрила со главата во мијалникот. Неколку часа подоцна била сместена во Стокхолмската болница, каде што ѝ бил дијагностициран тумор на мозокот. По операцијата Мари неколку години била на терапија и се борела со загубата на способноста да чита, да брои, со губењето на видот и делумната загуба на моторните способности.

Сепак, тоа не ја спречило да работи на својата музика. Издаде соло албуми во 2004, 2006 и 2008 година.

Зад неа остави хитови кои никогаш нема да се заборават.

 

 

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....