13.8 C
Скопје
14:14 - 22 ноември, 2024

Татјана Алексиќ: Читаме за да постоиме!

Доколку се прашувате што да читате во деновиве на изолација или кој филм да го гледате во домашно кино, професорката Татјана Алексиќ има одлична идеја. Препораката се однесува на учениците, затоа што претпоставуваме дека повозрасните веќе одамна го сториле тоа. Но, не е грев ако сте ги пропуштиле „Илијада“ од Хомер, филмот „Троја“ или стиховите на Пушкин, како и култната драма „Македонска крвава свадба“, еве одлична можност, без простор за изговор, да го направите тоа. Имате повеќе од доволно време.

-Никогаш не сме имале толку време на располагање, за да може да прочитаме книга и да изгледаме нејзина филмска верзија, секако во домашен амбиент со пуканки! Полезно и корисно би било средношколците да ги прочитаат делата кои се за државна матура, без оглед на прогнозите дали и како би се реализирал матурскиот испит оваа учебна година. Читаме за да постоиме! На пример епопејата ,,Илијада” од Хомер има 1000 страници и тешка е за читање, но филмовите ,,Троја” и ,,300″ се одлични за да се долови митското и историското време на Тројанската војна.

Романот во стихови на Пушкин ,,Евгениј Онегин“ со тема за невозвратена љубов во вистински час, има романтична и автентична филмска верзија со убавата Лив Тајлер како Татјана.

Култната драма на Војдан Чернодрински ,,Македонска крвава свадба” од неодамна има дигитална верзија на истоимениот филм од 1969 година во режија на Трајче Попов – вели порфесорката Татјана Алексиќ.

Па, како што испаничени купуваме во маркети, случајно да не останеме гладни, да помислиме и на духовната храна која подеднакво ни е потребна како човечки битија. Сега барем имаме време за духовно богатење.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....