8.8 C
Скопје
11:39 - 1 април, 2026

Свадба за време на пандемија – Швеѓанец и Норвежанка направија шумска свадбена церемонија (ФОТО)

Парот размени брачни завети во шума во југоисточниот норвешки регион Холебек, на самата граница со Шведска…

Норвежанката Камила Ојорд и Швеѓанецот Александар Клерн се венчаа на границата меѓу  своите земји, почитувајќи ги сите мерки во борбата против КОВИД-19.

Бидејќи Швеѓаните и Норвежаните не можат да патуваат, оваа двојка, не сакајќи да го одложи закажаниот датум за свадба, реши да го каже судбоносно „да“ во сосема необични околности и место.

Невестата и младоженецот стоеа секој во својата држава, а меѓу нив беше поставена бела лента.

Парот за Би-Би-Си изјави дека веќе не можеле да чекаат на одлуката за укинување на ограничувањата, а интересно е и тоа што невестата на шега ја предложила таквата идеја, а семејството и пријателите ја прифатиле со воодушевување.

Publiée par Sanae Fujita sur Jeudi 23 juillet 2020

„Не сакавме да го смениме претходно закажаниот датум. Сакавме да се венчаме“, ијавиле тие.

Со оглед на тоа што Шведска имаше многу пофлексибилен пристап во борбата против коронавирусот во споредба со другите европски земји, соседните земји како Норвешка ја изоставија од списокот на земји во кои може да се патува.

Publiée par Sanae Fujita sur Jeudi 23 juillet 2020

Младоженецот за медиумите изјавил дека ниту тој ниту неговата избраничка не очекувале дека некој од нивните блиски пријатели ќе присуствува на церемонијата, со оглед на тоа дека до тоа место може да се стигне само по долг шумски пат.

На крајот, двајцата беа воодушевени од бројот на гости на својата „шумска” свадбена церемонија за склопување на брак.

Publiée par Sanae Fujita sur Jeudi 23 juillet 2020

Меѓу непоканети гости имало и двајца полицајци, кои се грижеле никој да не ја премине границата.

„Полицијаците љубезно не праша дали може да присуствуваат на свадбата. Секако дека се согласивме на тоа“, рекоа младенците.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....