13.8 C
Скопје
12:46 - 17 март, 2026

СОВЕТИ: Како да поминувате помалку време на социјални мрежи?

социјални медиуми

Дали социјалните мрежи ви влијаат лошо? Дали се чувствувате фрустрирано кога гледате или слушате одредени работи? Дали постојано чувствувате потреба да бидете во чекор со другите? Со одговарање на овие прашања на искрен начин, ќе можете да идентификувате какво влијание имаат социјалните мрежи врз вашиот живот и дали треба да направите какви било промени.

A, ако сфатите дека треба да направите промени, еве неколку совети:

1. Исклучете ги нотификациите

Многу е лесно да ви се одвлече вниманието од тоа што го правите кога ќе стигне нотификација. Тие се активен потсетник дека нешто „се случува“ и дека итно треба да одговорите. Кога ќе ги исклучите, дури може и позитивно да се изненадите кога ќе ве чекаат повеќе нотификации во секоја од апликациите.

СМЕШНИ ВИДЕА: Што се случува кога имате дома мачка?

2. Поставете си граници

Поставете си тајмер или аларм на телефонот за да го ограничите времето посветено на социјални мрежи. Изберете термин според сериозноста на вашата зависност. Кога ќе го пополните времето немојте да си дозволувате уште, издржете!

3. Пробајте ново хоби

Ќе имате многу повеќе слободно време, ако не го поминувате на социјални мрежи, што значи дека може да научите да правите нешто што сте сакале подолго време. Да почнете да готвите, да учите јазик, да спортувате, итн…

(ФОТО) ВЕ НОСИМЕ НА ОСТРОВОТ БУРАНО: Свет на шарени куќички каде владее еден чуден закон

4. Јавете се кај блиските

Наместо да ги следите животите на блиските преку социјалните мрежи, јавете им се или пишете им порака. Дури и да не можете да поминете време со некој физички обидете се да останете поврзани, надвор од социјалните медиуми.

5. Избришете ги апликациите што не ги користите

Немате отворено „Твитер“ со месеци? Избришете го. Нема да ве „стрви“ да го приклучувате и ќе се чувствувате полесни.

(ФОТО) ХОЛИВУДСКО ЧУДО: Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорен Бакал сè уште не е напишана

Слични објави

(Фото) Водителката Ведрана како разголен модел, изгледа многу секси

apostolova

Првата сопруга на Горан Ратковиќ Рале откри детали за неговите афери и врската со Индира Радиќ

Еспресо

Слаткар се стопи, раперот здраво живее и многу ослабе

msp-admin

(Фото) Коки Јанков како градежник: Од темели до кров

msp-admin

Тие му се единствената утеха по смртта на брат му: Дарко Лазиќ со нова емотивна објава

msp-admin

(Фото) Ивона Јо во проѕирен фустан, посекси не изгледала досега

msp-admin
Се вчитува....