18:17 - 1 април, 2026

Сокот од нане ќе ви реши бројни здравствени проблеми

Иако малку е познато, освен како чај и како зачин, нането може да се користи и за подготовка на сок, со кој значително ќе си го подобрите здравјето.

Па така, доколку сакате да го пробате овој чудотворен напиток, за кратко време ќе бидете сведоци на бројни промени на телото како што се:

– намалување на симптомите на настинка

– елиминирање на лошиот здив

– регулирање на менструалниот циклус
– намалување на симптомите на менструација и менопауза
– редовно празнење на цревата

За да го подготвите сокот од нане кој мора да биде во комбинација со лимон, потребни ќе ви бидат следните состојки:

2 литри вода
200 гр шеќер
10 врвчиња свежо нане
сок од еден лимон

Подготовка:

Ставете ги водата и шеќерот да зовријат, а потоа оставете ги да се оладат.

Откако ќе ја достигнат посакуваната температура, во течноста ставете го нането и оставете течноста да отстои најмалку 24 часа. Потоа процедете ја смесата и додадете го лимоновиот сок.

Вака подготвениот сок потребно е да се пие секогаш кога ќе почувствувате жед, а ќе ви ја даде потребната енергија за непречено извршување на секојдневниот обврски.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....