10.8 C
Скопје
21:57 - 3 април, 2026

Снимка на тага и надеж: Италијански саксофонист од својот балкон ја засвире „Bella Ciao“

На социјалните мрежи се прошири снимка од еден италијански саксофонист кој од балконот за своите соседи ја изведе песната „Bella Ciao“.

Додека ја свирел познатата мелодија, луѓето од соседните згради излегле на терасите и почнале да ракоплескаат.

„За жал, кај мене музиката се менува, само сирени на Брза помош и колони кои ги носат мртвите“, напишал еден Италијанец под снимката.

„Држи се, сè ова еднаш мора да заврши“, му порачал саксофонистот Даниеле Витале.

Италијанците од првиот ден со музика се борат против осаменоста во карантинот, а многу снимки од нивните заеднички песни веќе го обиколија светот.

Погледнете ја изведбата на Даниеле Витале.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....