10.8 C
Скопје
18:34 - 24 март, 2026

Славчо Попоски: Температурите ќе се чувствуваат како да се повисоки од релано измерените

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Попладне и навечер во делови од котлината има помали услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 36 степени. Потоа и во следните денови времето во Македонија ќе се задржи МНОГУ ТОПЛО и сончево со мала локална облачност. Сепак во попладневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе има услови и за локална појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и до 40 степени а Ув – индексот и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа заштитувајте се. НАПОМЕНА: Во следниот период и тоа поради релативно високата влажност во воздухот, температурите ќе се чувствуваат како да се повисоки од релано измерените, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо

Го занемаруваме, а најбрзо старее: Како правилно да го негувате деколтето

Еспресо

Со само две состојки ослободете се од непријатниот мирис по готвењето

Еспресо

Што мислите, колку пати луѓето вистински се вљубуваат во текот на животот?

Еспресо

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо
Се вчитува....