7.8 C
Скопје
00:03 - 2 април, 2026

Славчо Попоски најавува дождови, пад на температурите, локално невреме

– До четврток под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, времето во Македонија ќе се задржи МНОГУ ТОПЛО и сончево со мала локална облачност. Сепак во попладневните и во вечерните часови и понатаму во следните денови ќе биде нестабилно, со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град. Освежување на времето и позначителен пад на температурите ќе има од петок па натаму, кога понатаму ќе биде нестабилно со услови за појава на локално НЕВРЕМЕ. Освежувањето ќе биде проследено и со засилен северен ветер. Темпертурите од петок ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени. Локални врнежи и нестабилност исто така ќе има и за време на викендот. И во Скопје и околината до четврток ќе биде МНОГУ ТОПЛО, а позначително освежување со засилен северен ветер и нестабилност, проследена со локална појава на пороен дожд и грмежи ќе има од петок. Услови за нестабилност ќе има и денес, како и утре – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....