1.8 C
Скопје
01:58 - 27 октомври, 2026

(Фото сторија) Цветен раскош во најстарата штипска населба: Ружа си го заслужи своето цветно име

Ружа Димова има цветно име (кое сосема го опрадува), во пензија е, и со љубов е посветена на дворот. За жал, сопругот ѝ починал, а децата ѝ заминале во Англија, семејно, па таа сама е посветена на оваа убавина која ѝ ја полни душата.

 

– Кога пред десет години го средувавме дворот ни помогна една екипа за холтикултурно уредување. Имавме доста чемпреси, но минатата година, за жал, ни се исушија – искрена е Ружа.

Таа се грижи за дворот, вели, тоа и е љубов од мали нозе.

Дворот се простира на 240 квадратни метри и се наоѓа во Штип, каде што живее семејството, поточно во најстарата штипска населба, Баби.

– Штом дојде пролетта си правам сопствен расад на цвеќиња. Цвеќињата јас ги купувам и потоа секоја година си ги размножувам, како на пример, гладиолите и други цвеќиња – ни раскажува Ружа.

Има најразновидни цветни убавици во дворот, но има и собни цвеќиња.

– Многу сакам цвеќе – вели Ружа со насмевка. Секако, таа љубов кон цвеќињата ѝ ја читаме и од нејзините очи.

– Бидејќи имам повеќе слободно време, поголем дел од денот го поминувам во дворот. Ова ме исполнува, но и кога одев на работа уживав во одгледување на цвеќиња. Цвеќето се одгледува со љубов – заклучува Ружа.

Инаку, Ружа е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во фотогалеријата.

Фото – приватна архива

(Фото) „Секој ден по неколку пати поминувам покрај секое цвеќе посебно“: Цветната приказна на Валентина Андонова

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....