Младата Алексис Рен на својот Инстаграм профил има дури 13,9 милиони следбеници.
Рен најчесто споделува слики од своето прекрасно тело и вита фигура.
Алексис е и фитнес модел, која со своите следбеници го споделува и својот начин на вежбање, како и режим на исхрана, која вклучува најчесто безглутенски и вегетаријански продукти.
Иако таа е само 20 години, веќе има голем број на следбеници на Инстаграм, а тоа и не е толку чудно, ако се земе во предвид фактот дека имала само 15 години кога го отворила профилот.
Како што вели и самата, Алексис е свесна дека сексапилот се продава, па воопшто не и е проблем да споделува фотографии од своето секси тело за да добие што повеќе следбеници.