8.8 C
Скопје
12:21 - 1 април, 2026

Се самоуби поранешниот сопруг на норвешката принцеза: Го обвинуваше Кевин Спејси за сексуално вознемирување

Ари Бен, поранешниот сопруг на норвешката принцеза и човекот кој го обвини познатиот глумец Кевин Спејси за сексуално вознемирувањењ, изврши самоубиство, соопшти неговиот портпарол.

Бен, Автор на неколку романи и тетарски претстави, во 2002 година се ожени со норвешката принцеза Марта Луиз. Во бракот добија три ќерки, се разделија во 2016 година, а во 2017 година и официјално се разведоа.

Норвешките крал и кралица се огласија со сооштение во кое наведоа дека Бен „со години бил важен дел од нивното семејство“.

За време на венчавката на Бен, кој е роден во Данска, се гледаше како на контроверзен партнер на принцезата, единствената ќерка на кралот Хералд и кралицата Соња.

Бен со принцезата го запознала неговата мајка, која ѝ била физиотерапевтка на Марта Луиз.

Тој ќе остане запомнет по тоа што во декември 2017 година, за норвешката радиостаница П4 изјави дека седел со Кевин Спејси и воделе пријатен разговор, а по пет минути Спејси му рекол „Да излеземе надвор да запалиме цигара“. Потоа наводно ја ставил раката под маса и го фатил за меѓуножјето. Тогаш Бен му кажал на Спејси „можеби подоцна“ и на тој начин се извлекол од непријатната ситуација, додавајќи дека тогаш бил помлад и очигледно му се допаднал на Спејси.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....