14:11 - 1 април, 2026

Се омажи ќерката на Ел Чапо, избраникот ѝ е внук на „бароницата на дрогата“

Алехандрина Гузман, ќерката на еден од најпознатите наркодилери, Хоакин Гузман, познат под прекарот Ел Чапо се омажи пред неколку дена, пишуваат светските медиуми.

Нејзиниот избраник е Едгар Казарес, внукот на Блансе Маргарит Казарес, една од членките на картелот на нејзиниот татко, позната по прекарот „бароница на дрогата“.

Според информациите на мексиканските медиуми, венчавката е одржана на 25 јануари, а снимките и фотографиите од гламурозната венчавка неодамна се појавија на социјалните мрежи.

Со оглед на тоа што Ел Чапо не бил присутен на венчавката бидејќи отслужува доживотна казна затвор, Алехандрина заиграла со мајка си Марија, првата жена на Ел Чапо.

Венчавката е одржана во катедралата која во тој момент била затворена за јавноста, што предизвика многу критики.

Instagram

„Ова е потсетник колку во ова општество е вкоренето и моќно семејството Гузман. Тие се овде дел од елитата. Така ги третираат другите припадници на елитата, вклучувајќи ја и црквата“, рекол Фалко Ернст, интернационален аналитичар за Мексико.

Instagram

 

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....