2.8 C
Скопје
16:33 - 22 декември, 2024

„Сакам да умрам ВЕДНАШ“: Мајка го сними своето дете за да ги покаже вистинските последици на булингот! (ВИДЕО)

„Носи ме од тука веднаш, би можел сега да се прободам сам во срцето… Ме гледаш, a дури ни тебе не ти е грижа додека те гледам, не правиш ништо, само сакам да умрам веднаш, сакам да си ја удрам главата во стакло… Сакам некој да ме убие!“

Мајката на 9-годишниот Куаден, на кој му била дијагностицирана ахондроплазија (генетско нарушување кое предизвикува џуџест раст три дена по раѓањето) сподели трауматично видео на кое нејзиниот син извикува дека сака да умре веднаш, поради тоа што соучениците секој ден го задеваат на училиште за неговата ретка болест. Оваа храбра жена испрати силна и искрена порака, на која треба да обрнеме големо внимание:

„Ова е последицата на булингот над 9-годишно дете, кое само сака да оди на училиште, да се едуцира и да се забавува. Но секој ден нешто се случува, нова епизда на булинг, нов навредлив прекар… И сакам луѓето да знаат, колку нас не повредува ова, како семејство. Сакам луѓето да ги едуцираат своите деца! Сето ова „анти булинг с*ање“ НЕ функционира и сега моето дете е суицидно, речиси секој ден! Ова е страната која досега одлучував да не ја споделувам, избирав ова да биде приватно, но не можеме веќе вака, се обидуваме да бидеме позитивни и силни најмногу што може, но ова е последицата на булингот над 9-годишно дете. Јас морам будно да го следам цело време поради обидите за самоубиство! Ова не е шега, ве молам едуцирајте се и едуцирајте ја околината, мора да преземеме нешто за да ја подигнеме свеста за лицата со попреченост и ретки болести во едукацијата бидејќи не е доволно, ова не треба да се случува!“

По објавата на видеото на социјалните мрежи кое привлече над 18 милиони прегледи, деветгодишниот Квејден доби коментари со поддршка од целиот свет, а се појави и хаштагот #WeStandWithQuaden, на кој луѓето испраќаат пораки со позитивни зборови.

Познати личности, вклучувајќи го и холивудскиот актер Хју Џекмен и НБА-кошаркарот Енес Кантер испратија пораки со поддршка за деветгодишното момче од Австралија, додека родителите од многу земји во светот споделија видео-пораки од нивните деца.

Посилен си отколку што мислиш, пријателе – порача Џекмен и ги повика луѓето ширум светот да бидат „добри“.

Зборовите #StopBullying (стоп за врсничкото насилство) се проширија на мрежите денес, а на хаштагот се објавуваа приказни со сопствени искуства со булинг, а притоа го повикаа и поддржаа Квејден да „остане силен“.

Комичарот Бред Вилијамс, кој живее со истата состојба наречена ахондроплазија, рече дека собрал повеќе од 130.000 долари за помалку од еден ден за семејството да го испрати во Дизниленд.

Ова не е само за Квејден, ова е за сите кои некогаш биле жртви на врсничко насилство во нивните животи и им било речено дека не се доволно добри – напиша тој на страната каде што се давале донациите. „Ајде да им покажеме на Квејден и на другите дека има добрина во светот и дека тие се доволно вредни за неа“.

Ерик Трамп, синот на американскиот претседател Доналд Трамп, го опиша видеото како „срцепарателно“.

Во меѓувреме, НБА-ѕвездата Енес Кантер на Твитер напиша дека „Светот е зад Квејден“ и го покани семејството на НБА натпревар. Спортски тимови во Австралија исто така застанаа зад Квејден, како и многу други луѓе ширум светот.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....