18.8 C
Скопје
11:08 - 12 октомври, 2026

Првиот ангажман на Меган Маркл во САД: Мотивациски говор за дамите

Меган Маркл присуствуваше на „виртуелната сцена“ на конференцијата организирана од „Girl up“, под покровителство на ООН. Таа одржа мотивирачки говор, посветен на феминизмот.

На Меган, додека беше постојан член на британското кралско семејство, не и беше дозволено да се приклучи на организации како што е ООН. Но, затоа сега може да го искаже јавно својот став.

Војвотката од Сасекс со големо задоволство ја прифатила поканата да учествува на мотивациската конференција за млади жени.

Таа се појави како еден од официјалните говорници, заедно со Мишел Обама, Хилари Клинтон и нејзината пријателка Пријанка Чопра Џонс.

– Сите кои се во позиција на моќ, од владеењето на правото до светските лидери – сите овие луѓе зависат од вас повеќе, отколку што некогаш вие ќе зависите од нив. И запомнете, тие го знаат тоа многу добро!

Меган Маркл ги охрабри младите преку нејзиниот страствен говор, а потоа рече дека клучот за успехот е секогаш сочувството, а не насилството.

– Сочувството не значи дека не треба да чувствуваме лутина и огорченост, кога ќе видиме остра неправда околу нас – секако дека треба. Но, ве предизвикувам да го проширите тоа чувство. Далај Лама вели: „Сочувството е радикализам на нашето време“ – рече 38-годишната Меган.

Таа избра син фустан за говорот пред дамите кои ја посетија конференцијата. Без многу шминка и накит, Меган се фокусираше повеќе на темата, отколку на себе и својот изглед.

Во продолжение погледнете го говорот на војвотката Маркл.

 

 

 

Слични објави

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо

Направете го ова со радијаторите пред почетокот на грејната сезона — може да ви помогне да заштедите на сметките

К.С.

Радица Таскова стана српски автор: „Лузни што зборуваат“ го продолжува својот книжевен пат во Белград

Еспресо

VILLA DIVA – Амбиент создаден за големи моменти

Еспресо

Искористете ги посебните попусти во Wood Room и подновете се со уникатна клуб-маса со епоксидна смола

Еспресо

Септемвриски попусти во Wood Room – време е за нова маса од масивно дрво

Еспресо
Се вчитува....