7.8 C
Скопје
13:07 - 22 декември, 2024

Познатата актерка го пронајде совршениот баланс помеѓу мајчинството и вежбањето! (ФОТО)

Актерката Хилари Даф минатата година роди девојче, има и 7-годишен син, а не крие ни дека ужива во мајчинството додека води здрав живот.

Хилари важи за една од најуспешните млади актерки која уште како многу млада девојка стана тинејџер-идол, а сега покрај глумата има и многу зафатен семеен живот, бидејќи доста време посветува на своите деца.

Profimedia

За да биде здрава и изгледа убаво, таа редовно вежба. Оваа 32-годишна дама, долго време избегнуваше да тренира и да ја врати својата кондиција, но сето тоа се промени.

Мајката на 7-годишниот Лука и 13-месечната Бенкс, се врати на тренинзите откако во 2018 ја роди својата ќерка.

„Мислев дека не треба да дигам тегови, бидејќи ако го правам тоа може да се „набилдам“. Сакав брзо да направам мускули“, рекла Хилари.

View this post on Instagram

We like each other.

A post shared by Hilary Duff (@hilaryduff) on

Таа ја воочила грешката во нејзиното вежбање и решила да ја промени својата рутина.

„Сега дигам тегови, правам чучњеви, користам специјални тегови со големи тежини за вежбање и никогаш претходно не сум се чувствувала толку силна и фит“, додава Даф.

Актерката веќе не прави толку често кардио вежби, ниту тренинзи кои ја прават да чувствува глад и замор. 

„Тоа е многу поинаков, многу поефикасен начин на вежбање“, рекла Хилари.

Уште една промена која ја вовела покрај новиот тренинг е тоа што изнајмила и нутриционист за пофлексибилно мени. Тој и прави неделен план за исхрана во зависност од тоа што таа сака да јаде. Таа приметила резултат после некое време откако започнала да води евиденција за тоа што јаде.

„Никогаш не можев да замислам колку јадам во текот на денот и колку сето тоа е само грицкање. Изгубив 5 килограми, а не се изгладнував и јадев само тоа што го сакам со малку внимание што се однесува на количината“, заклучила Хилари.

View this post on Instagram

Just werkin ??

A post shared by Hilary Duff (@hilaryduff) on

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....