7.8 C
Скопје
04:36 - 2 април, 2026

Попоски предупредува на ИЗРАЗЕНА ЦИКЛОНСКА активност, следува серија дождови и можни поплави! Еве кога

– Територијата на Македонија уште во следните часови, како и во следните денови ќе се наоѓа под влијание на ИЗРАЗЕНА ЦИКЛОНСКА активност од запад и на серија на влажни воздушни бранови. Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и истите локално ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ (над 50 л/м2 со што можно е да дојде и до локални ПОПЛАВУВАЊА, па затоа препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ)!

Особено во источните и југоисточните предели ќе биде и нестабилно со интензивен пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во следните часови и понатаму ќе дува умерен до засилен, повремено и локално и СИЛЕН ветер од јужен и од југоисточен правец (над 65 км/час).

Од понеделник пак поради малку посвежото време само на највисоките планински места и тоа особено на северозапад ќе има врнежи од СНЕГ. И во Скопскиот регион се очекуваат нови врнежи од дожд проследено со засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурите во следните денови ќе бидат ПОНИСКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 14 степени, само во југоисточните предели истите се очекува да се искачат малку над 15 степени, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....