11:40 - 13 ноември, 2026

Под мразот на Антарктикот откриени остатоци од древна прашума

Половите на Земјата веќе долго личат на ледени пустини. Животот таму не можел да опстане, па луѓето и повеќето животни се населувале во попријатна клима во близина на Екваторот.

Прашумите во умерените подрачја растеле таму за време на геолошкиот период креда во времето на диносаурусите, објави германскиот Институт Алфред Вегенер (АВИ), a резултатите од студијата се објавени во магазинот Нејчр.

„Бевме изненадени од тоа откритие“, кажа шефот на истражувањето и геолог на АВИ Јохан Клагес.

Според резултатите на истражувањето просечната годишна температура на Антарктикот била околу 12 степени Целзиусови во тоа време.

„Тоа потврдува дека на Антарктикот немало мраз“, вели Клагес. Досега тоа само се претпоставуваше.

„Знаевме само дека тој период бил еден од најтоплите, но немавме докази од областа во близина на Јужниот пол“.

За време на експедицијата во 2017 година геолози ископале примероци од седиментите од крајбрежниот регион на западен Антарктик. Со компјутерска томографија го прикажале густиот коренски систем. Научниците успеале да ги идентификуваат клеточните структури на дрво, полен и спори на васкуларни билки и траги од цветни видови.

Но тоа не било отсекогаш така.

Во текот на експедицијата во Амундсеновото Море во 2017 година, истражувачите продреле длабоко во земјата под морското дно на западниот Арктик на само околу 900 километри од Јужниот пол.

Она што го извлекле, посебно на длабочина од околу 30 метри, многу се разликува од составот на седиментите кои биле поблиску до површината.

„Првите анализи покажаа дека на длабочина од 27 до 30 метри под океанското дно пронајдовме слој кој првобитно е формиран на копното, а не во океанот“, вели геологот Јохан Клагес.
Дотогаш никој не земал примерок од периодот на креда од земјата од толку јужна точка на светот.

И покрај тоа, истражувачите не го очекувале тоа што подеталното испитување со рендгенската компјутерски томограф го откриле.

Древна прашума од дното на океанот

Скенирањата опишале сложена мрежа на фосилизирани корени на билки. Со микроскопската анализа пронајдени се и докази за полен и прости видови животни, а сето тоа упатува на остатоци од древна прашума која постоела на Антарктикот пред околу 90 милиони години, велат палеолозите.

Темна зима во текот на четири месеци

Според проценката на тимот, благодарение на пукањето на континенталните плочи, местото на бушењето можело да биде неколку стотици километри поблиску до Јужниот пол, кога диносаурусите уште постоеле. Тогаш Јужниот пол би можел да биде во постојана темнина во текот на четирите месеци на зимата во Антарктик.

За да дознаат како оваа древна прашума можеој одамна исчезнат шумски регион.
Според симулациите, нивото на атмосферскиот јаглероден диоксид било значително повисоко од што мислеле научниците.

Во тоа суперзагреано окружување (со годишна просечна температура на воздухот од околу 12 степени на Антарктикот), густа вегетација го покрила целиот Антарктик.

Новите сознанија им пружаат на истражувачите многу поголемо разбирање на длабоката врска меѓу концентрациите на јаглерод диоксид и поларната клима во праисториските времиња кога диносаурусите уште оделе по земјата.

Освен ако не сакаме уште еднаш шумите да ги претвориме во најстудените места на Земјата и да ги пуштиме океаните да го прекријат светот, мора да ги разгледаме овие екстремни климатски промени кои веќе се случуваат на планетата, бидејќи ни покажуваат како изгледа ефектот на стаклена градина.

Слични објави

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо
Се вчитува....