7.8 C
Скопје
16:54 - 18 декември, 2024

Овие 10 намирници ги чистат артериите!

Убаво е да ги имате овие производи во вашата кујна.

За да го заштитите срцето, некогаш не ви требаат лекови, туку вистинска храна. Затоа чувајте го со секој залак од овие топ 10 намирници кои ќе ви ги прочистат артериите.

1. Кришки авокадо

Наместо мајонез во сендвичот, ставете тенки кришки авокадо. Едно истражување во 1996 година во Мексико покажало дека кај луѓето кој една недела јаделе секој ден авокадо, бил забележан пад на холестеролот во крвта за 17%. Исто така, намалено им било нивото на лош холестерол, а зголемено на „добар“ холестерол. Доколку не можете да го јадете авокадото на овој начин, барем направете смути од него.

2. Житарки

Хранливите влакна кои се наоѓаат во целосните житарки, како што е лебот од пченично зрно, кафен ориз и зобни каши, го врзуваат холестеролот со оброкот и го извлекуваат од вашето тело. А, кога на телото ќе му затреба холестерол, ќе се потпре на холестеролот во крвта, со што ефикасно се намалува вкупното ниво на холестерол во крвта и исто така се намалува ризикот од настанување срцеви болести. Кашата со житарки не е само за доручек, во неа може да се ужива и во било која доба од денот.

3. Маслиново масло

Студија од 2011 година покажала дека личности постари од 65 години кои редовно користат маслиново масло (и за готвење и како додаток) имале 41% помала веројатност за добивање мозочен удар во споредба со оние кои никогаш не користеле маслиново масло во својата прехрана. Затоа, употребете малку маслиново масло наместо путер или со него прелијте ги тестенините, салатата… Нутриционистите советуваат дека иако маслиновото масло е поздрава опција, водете сметка да го користите штедливо, бидејќи сите масти и поната содржат ист број на калории.

4. Замена за колачи

Бадемите се одлична замена за колачи. Тие содржат голема количина на здрави масни киселини, витамин Е и влакна, додека оревите се одличен природен извор на омега-3 масни киселини познати како алфа-линоленска киселина. Според истражувањето на Американското здружение за срце, мононезаштитените масти помагаат за намалување на нивото лош холестерол во крвта, како и намалување на ризикот од срцеви болести и мозочен удар.

5. Маргарински намази

Стероли се споеви кои се натпреваруваат со холестеролот во храната поради апсорбција во дигестивниот тракт. Дека го намалуваат нивото на холестерол во крвта, познато е повеќе од 50 години, а може да се најдат во одредени врсти на сок од портокал, маргарински намази и млеко. Само обавезно проверете ја налепницата и внимавајте маргаринот да не е без масти и да „делумно хидрогенизирано масло“ не се појавува на списокот за состојки.

6. Разни видови риба

Рибите како што се скушата, харинги, туна и лосос се вистински бомби со омега-3 масни киселини. Јадењето на риба 2 пати неделно може да го намали ризикот од развој на срцеви болести, намалување на воспаленија и намалување на нивото на триглицериди, а може дури да помогне и во зголемување на нивото на „добриот“ холестерол.

7. Малку од овој зеленчук

Аспарагусот е една од најдобрите природни состојки за чистење на артериите. Делува во вените така што го потикнува ослободувањето на притисок на телото и со тоа овозможува да се прилагоди воспалението кое се собирало во текот на годините. Исто така, помага во исфрлување на смртоносното згрутчување. Затоа внесете барем трошка од овој зеленчук во својата исхрана.

8. Сок од калинка

Студија од 2005 година, објавена во „Протоколот на американската Национална академија за науки“, покажува дека сокот од калинки е богат со антиоксиданси и дека потикнува физичко производство на азотен оксид, што помага во одржување на протокот на крв и ги одржува артериите отворени.

9. Брокула

Брокулата е богата со витаминот К, кој е потребен за формирање на коските. Помага исто така и калциумот да не ги оштети артериите, а е полн со влакна. Студиите покажуваат дека прехраната со високо ниво на хранливи влакна и тоа како го намалува крвниот притисок и нивото на холестерол.

10. Зачинета супа

Зачинот куркума делува против воспаленија. Истражување од 2009 година открило дека куркуминот (сувиот екстракт од куркума) ги намалува масните наслаги во артериите за дури 26%. Звучи како добра причина да научите да направите зачинета пилешка супа.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....