18:29 - 6 април, 2026

Неутрални нијанси на облека за топлите летни денови

Оваа модна сезона предвидува неутрални бои. Сите нијанси на беж се вистински хит.

Дизајнерите и модните куќи ги презентираа трендовите за летната сезона пред извесен период, а парчињата облека во овие нијанси најдоа забележително место во бутиците денес.

Instagram

Едноставни памучни фустани, лесни шорцеви и ленени наметки сега се на врвот на списокот за шопинг. Предноста на овој тренд е што лесно се комбинира и изгледа елегантно.

Instagram

Можете да комплетирате широки памучни фустани со ракави, манжетни, кожен ремен во потемна кафена боја – додека додатоците изберете ги во златна боја, бидејќи тие ќе го подобрат впечатокот за елеганција и скапоценост.

Instagram

За топлите денови и дневната прошетка, можете да додадете папучи со анатомски ѓон и широки ремени на оваа облека. За вечерните часови можете да пробате комбинација со лесни летни чизми или сандали со средно висока потпетица.

Instagram

Ако сте љубител на костуми, лененото платно ќе биде вистинскиот избор за топлите денови. Ви предлагаме да изберете бермуди или шорцеви наместо долги панталони.

Instagram

Овој костум целосно ќе го освежи вашиот стил и ќе изгледате модерно и трендовски. Сандалите со тенки ремени или кожа, како и мокасини ќе бидат идеална комбинација со овој вид костум.

Instagram

 

Слични објави

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо
Се вчитува....