Лорен Симпсон е фитнес модел и бикини натпревачувач од Австралија. Сигурно веќе сте виделе нејзини фотографии, бидејќи таа е доста актуелна на социјалните мрежи.
Симпсон води активен начин на живот, а уште од раното детство се занимава со спорт, поточно со одбојка.
Своето тело често го доведувала до границите на издржливоста, со тоа што како помлада внесувала минимална количина на храна.
Сепак, прекрасната Лорен потоа успеала да го пронајде патот до совршено тело и да воведе рамнотежа во својата исхрана.
– Мојот пат се разликува од класичните успешни приказни за слабеењето. Не сум имала проблем со прекумерната тежина, напротив бев премногу слаба, исцрпена и опседната со својот изглед. На крај сепак се трансформирав од слаба, нездрава девојка, во жена полна со самодоверба и волја за живот – вели Лорен.
Лорен сега редовно оди во теретана и прави вежби за обликување на телото, како и кардио тренинг и тренинг за сила.
Неодоливата Лорен ги поттикнува сите жени да тренираат со тегови и е вистинска инспирација за милиони луѓе ширум светот.