08:14 - 18 август, 2026

Не ги задржувајте солзите: Еве зошто се добри за вашето физичко и психичко здравје

Дали често плачете и после плачењето чувствувате олеснување? Не задржувајте ги солзите, пуштете ги нека течат, тие ќе ви помогнат да решите низа здравствени проблеми.

Кога ќе почувствувате дека солзите ќе ви потечат, каде и да се наоѓате, не ги задржувајте. Пуштете ги нека течат, иако сте во автобус, на работа, на училиште или на улица. Не сте свесни колку здравствени придобивки ќе си направите доколку не ги задржувате.

Солзите го намалуваат стресот

Истражувањето од 2014 година открило дека кога ќе се исплачете го намалувате нивото на стресот во организмот. Резултатот на плачењето не е веднаш видлив, па можеби ќе го воочите по некое време кога телото ќе почне да се опушта и да се смирува. Според зборовите на истражувачите, плачењето го активира парасимпатичкиот нервен систем кој, кога ќе се активира има смирувачко дејство на мозокот.

Солзите го намалуваат крвниот притисок

Зголемениот крвен притисок е сериозна работа и може да предизвика низа здравствени проблеми како што се мозочн удар, деменција, инфаркт, застој на срцето, па и престанок на работа на бубрезите. Добрата вест е дека, според неколку истражувања, плачењето го намалува крвниот притисок, го држи во нормала и го смирува пулсот.

Ве ослободуваат од наталожените токсини

Солзите што течат од очите додека плачете можат да исчистат одредени нечистотии од нив, како што се чадот и прашината. Кога ви течат солзи вашите солзници ги измиваат токсините кои поради наталожениот стрес се насобрани во телото. Отстранувањето на токсините помага во намалувањето на нивото на кортизол во телото, поради што ќе се чувстувате многу подобро. Поради тоа опуштеноста и смиреноста се тоа што следи после плачењето.

Солзите прават да се чувствувате мирно и урамнотежено

Ако се прашувате поради што сте агресивни и често анксиозни, би требало да знаете дека конечен одговор на тоа не постои. Промените на расположението можат да надојдат од различни причини. Една од нив е натрупувањето на манган во телото. Кога плачеме, вишокот на манган заедно со солзите излегува од телото. Тоа ја намалува неговата концентрација во организмот и помага да се чувствувате мирно и рамнодушно.

Ја намалуваат физичката болка

Кога чувствувате физичка болка се случува солзите сами да почнат да течат од очите. Од нив неколку ќе се стркалаат и на тој начин телото чувствува намалена болка. Истражувањето открило дека освен што ќе ве смири, солзите ги ослободуваат окситоцинот и ендорфинот. Овие хемикалии влијаат на доброто чувство кај луѓето и можат да ја намалат физичката и емоционалната болка.

Слични објави

Марина Петровска, велнес-советник: Понекогаш една одлука донесена од љубопитност може да ти го промени животот

Еспресо

(Фото) Кога сакате подарок поинаков од сите други, изберете рачно изработени свеќи со цветни мотиви

Еспресо

Ќе се воодушевите од новите модели на клуб маси со епоксидна смола на Wood room – посетете го салонот во ГТЦ

Еспресо

Кога температурите растат, изборот на облека станува поважен отколку што мислиме – памукот и белата боја не се секогаш идеално решение

Т.Ц.

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

Една одлука може да ти го промени животот – дали си подготвена за следниот чекор?

Еспресо
Се вчитува....