1.8 C
Скопје
18:46 - 21 ноември, 2024

Не е се така црно: 19 мудри мисли кои подигнуваат од мртвите!

Кога една врата се затвора, друга се отвора…

Празничките денови се време на собирање на целото семејство, но експертите велат дека и покрај тоа токму во овој период многумина се чувствуваат осамено и депресивно. Без оглед дали имате проблеми на работа, со партнерот, децата или пријателите овие цитати од мудрите луѓе можат да ве извлечат од наизглед безизлезна ситуација и да ви дадат волја да продолжите напред.

1. Кога една врата ќе се затвори, друга се отвора. Но ние толку долго гледаме во онаа затворената врата, што не забележуваме дека друга ни се отворила, Александар Грахам Бел.

2. Клучот на успехот е во самодовербата. Клучот на самодовербата е подготовката, Артур Еш.

3. Дефиницијата за лудило е кога постојано ја правите истата работа, а очекувате поинакви резултати, Бенџамин Френклин.

4. Не ми говорете дека небото е граница, кога постојат отпечатоци и на Месечината!, напознат автор.

5. Иднината им останува на оние кои веруваат во убавината на своите соништа, Еленор Рузвелт.

6. Падни седум пати, но стани осмиот, јапонска поговорка.

7. Луѓето кои се неспособни да се мотивираат себе си мораат да се помират со својата просечност, без оглед на тоа колку се талентирани, Ендру Карнеги.

8. Не се плашете да погрешите. Во ред е да погрешите. Доколку не грешите, не напредувате, Стенли Џад.

9. Приликите не се укажуваат често. Кога ќе ви се укажат – зграбете ги!, Одри Хепберн.

10. Успехот нема да ви дојде сам. Вие треба да одите кон него, Марва Колинс.

11. Не кажувајте за себе си нешто што не сакате да стане вистина, Брајан Трејси.

12. Ризикувајте, доколку победите, ќе бидете многу среќни. Доколку изгубите, ќе бидете помудри, напознат автор.

13. Секој ден направете барем една работа која ве плаши, Еленор Рузвелт.

14. Сите ваши соништа можат да се остварат, доколку имате храброст да ги бркате, Волт Дизни.

15. Да се живее никогаш не е доволно пријатно, но е секогаш интересно, Данте.

16. Во животот се победува на два начини: или со својата сила или со слабоста на противникот, Јован Дуќиќ.

17. Не се плашете од животот, со него е исто како и со пливањето – се учи кога храбро ќе го напуштите плиткото, Милутин Ускоковиќ.

18. Некои грешки се премногу забавни за само еднаш да ги направите, Кети Лет.

19. Страдањето задава болка само затоа што се плашите, таа ве прогонува само затоа што бегате од неа, Херман Хесе.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....