14:14 - 3 април, 2026

Научниците откриваат зошто постарите лица се позагрозени од корнавирусот

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, лекарите предупредуваат дека постарите се најзагрозената група, а сега експертите објаснуваат и зошто е тоа така.

Досегашните податоци покажуваат дека поради Ковид-19 умираат околу 13,5 проценти од пациентите постари од 80 години. Наспрема тоа, смртноста кај популацијата во 50-тите години е 1,25, додека кај оние во 40-тите години процентот е 0,3.

Стапката на процентот на смртност нагло расте по 70-тата година, велат најновите проценки објавени во Lancet Infectious Diseases.

Меѓутоа, зошто постарите лица се толку загрозени? Освен главнат причина, дека постарите луѓе главно имаат некоја хронична болест, науката смета дека постои уште една причина.

Таа втора причина ја нарекле „самрак на имунитетот“.

„Не е само бројот на годините тој кој одредува како телото ќе одговори на болеста“, предупредува геронтологот Џорџ Кучел од Универзитетот во Конектикат, додавајќи дека многу посериозен фактор е и бројот на хроничните болести од кои пациентот страда.

Осумдесетгодишник кој има здрава општа состојба, веројатно е многу поотпорен од шеесетгодишник кој има неколку хронични болести. Зошто? Затоа што тој осумдесетгодишник има помлад имун систем“, објаснува Џорџ Кучел.

И можноста дека пациентот ќе мора да биде хоспитализиран расте со текот на годините. Според досегашните бројки, околу 18,4 пациенти постари од 80 години морале да бидат во болница. Кај луѓето во шеесеттите години, процентот изнесува 12 отсто, додека околу 3,4 отсто триесетгодишници мора да бидат во болница.

Британските научници сметаат дека возраста е во голема мера причина за катастрофата што ја снајде Италија. Просечната старост во Италија е 47 години и Италијаните се вбројуваат меѓу најстарите народи во Европа. Околу 23 проценти од населението им е постаро од 65 години.

„Органзизмот на постарите луѓе не реагира на микроорганизмите како што реагирал кога бил помлад. Тоа е „самрак на имунитетот“, објаснува имунобиологот Јанко Николиќ Жугиќ од Универзитетот во Аризона.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....